(Фото) Мајката на загинатата Ивона во Пулс: Вратете ги работите на моето дете, како може да носите нешто кога знаете дека е од невино убиено дете?
Во пресрет на почетокот на постапката за враќање на личните предмети од трагичниот пожар во кабарето „Пулс“ во Кочани, јавноста ја потресе апелот на Стојка Иванова-Антова, мајка на загинатата Ивона Антова.
Таа упати повик до сите кои по трагедијата биле во полициските простории или имале контакт со предметите пронајдени по увидот, доколку по грешка или ненамерно зеле нешто што не им припаѓа, да го вратат кај вистинскиот сопственик – кај нејзината ќерка.
„Не барам ништо туѓо. Барам само она што беше на моето дете“, наведува мајката во обраќањето, потенцирајќи дека станува збор за лични работи и спомени од, како што вели, „еден млад живот што згасна прерано“.
Таа побара да се вратат кожено долго палто – мантил, нараквица од „Тифани“, дебела сребрена нараквица како на фотографиите, обетки од „Сваровски“, прстени, очила од „Емпорио Армани“ и зелен „Ајкос“. „Шминките не се важни, но ова се нејзини лични работи и треба да се вратат таму каде што припаѓаат“, наведува таа, додавајќи: „Вратете ги со мирна совест, зашто тоа се спомени од едно невино убиено дете. Една мајка ве моли“.
Претходно, Одделение за внатрешни работи Кочани информираше дека од 2 до 6 март 2026 година, во периодот од 09:00 до 18:00 часот, ќе се врши идентификација и враќање на личните предмети пронајдени на местото на пожарот што се случи на 16 март 2025 година.
Сите повредени лица, како и блиските членови на семејствата на починатите и другите присутни на настанот, можат да се обратат во просториите на ОВР Кочани на улицата „Тодосија Паунов“ број 12, при што враќањето ќе се врши по претходна идентификација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Мајката на загинатата Ивона во Пулс:…
Во пресрет на почетокот на постапката за…
Почина и сопругата на иранскиот ајатолах, им…
Мансура Багерзаде, сопругата на врховниот лидер на…
САД не ја почнаа војната во Иран,…
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет кажа…
600 евра минималец ни во сон, 1600…
Денеска, на мала врата пробаа да утврдат…
Трамп: Не исклучувам испраќање на американска копнена…
Претседателот Трамп во понеделник за „Пост“ изјави…