(Фото) Ова е професорката Тамара (39) од штипскиот универзитет која е фатена на дело како прима мито

t

Професорката Тамара А. од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип е лишена од слобода под сомнение дека побарала и примила поткуп од студент за да му овозможи да положи испит, објави порталот Либертас.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), 39-годишната штипјанка Т.А. на 22. овој месец од студент побарала 300 евра за да положи испит што требало да го полага вчера.

„Вчера во 11:45 часот во Штип, полициски службеници од штипскиот Сектор за внатрешни работи ја лишиле од слобода Т. А., 39-годишна штипјанка, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело ‘примање поткуп’. Претходно, на 22.06.2026, К. Б., на возраст од 26 години од Турција, со привремен престој во Штип, студент на Универзитетот ‘Гоце Делчев’, пријавил дека Т.А. му побарала 300 евра за да положи испит што дополнително ќе го полагал на 29.06.2026 година” се вели во соопштението од МВР.

Од МВР велат дека биле преземени мерки во координација со Основното јавно обвинителство Штип и на К. Б. му биле предадени крим-технички обработени три банкноти од по 100 евра.

Приведената професорка Тамара А. (39)
Професорката, додаваат од МВР, била приведена веднаш откако ги примила парите. Таа била задржана во полициска станица, а парите биле одземени. По целосното документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Канал 5 од свои извори дознава дека станува збор за професорка која пред 6 месеци се стекнала со титулата и ова и е прв работен семестар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Ова е професорката Тамара (39) од…

Професорката Тамара А. од Универзитетот „Гоце Делчев“…

Мицкоски потврди: Здравство и социјала со нови…

ВМРО-ДПМНЕ добива две нови министерски места со…

Мицкоски оствари средба со генерал Гринкевич, врховен…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со…

Невреме ја зафаќа Македонија: Следуваат пороен дожд,…

По неколкудневните високи температури, Македонија влегува во…