(Фото) Општина Центар како линијата на фронтот: Мајдан ли е, Скопје ли е?

t

Огромни кратери, искршени плочки смет насекаде, вака изгледа централното градско подрачје односно општина Центар во Скопје.

Граѓаните се прашуваат зарем вака треба да изгледа центарот на главниот град?

Фотографиите се направени во близина на Зеленото пазарче каде илјадници граѓани минуваат секој ден, но очигледно ниту поплаките од граѓаните, ниту срамот не ја интересира општинската администрација во Центар со која раководи СДСМ, односно градоначалникот Горан Герасимовски.

Имено, тротоарот во близина на автобуската постојка е оставен со дупки, откако од лкацијата се дислоцираа неколку трафики.

-Просторот е полн со отпадоци, ваква грдотија не заслужува центарот на Скопје, вели една скопјанка.

-Со вакви слики не може во Европа, констатира друг скопјанец.

-Ова е од минатата година , незнам зошто ги кренаа трафиките, и оставија хорор сред центар, велат граѓаните.

Тие едногласно предлагаат час поскоро да се раззеленат овие површини од страна на надлежните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Додик најави дека ќе има средба со…

Претседателот на Република Српска Милорад Додик, кој…

Израел се заканува дека ќе го „елиминира“…

По најновиот бран ирански ракетни напади, израелскиот…

Дизелот поскапува за 2,5 денари

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…

Полициско возило и „ауди“ направиле сообраќајка: Петмина…

На булеварот „Србија“ и улиците „3 Македонска…

Русија и Украина повторно разменија заробеници

Нова група руски војници е вратена од…