(Фото) Освновците од „Лазо Трповски“ го посетија Јакимовски: Младите карпошани беа најзаинтересирани за обврските и надлежностите на градоначалникот

t

Како дел од практичната настава која е предвидена во рамки на предметот Општество, основците од ООУ „Лазо Трповски“ денеска беа во посета кај градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски. Во оваа пригода, љубопитните ученици поставуваа прашања поврзани со функционирањето на локалните институции, при што првиот човек на oпштината им даваше конкретни одговори и детално им објасни на кој принцип се темелат тие.

Младите карпошани беа најзаинтересирани за обврските и надлежностите на градоначалникот, за начинот на кој функционира Советот на општината, каква е структурата на локалната самоуправа, колку сектори и одделенија се во служба на граѓаните и слично.

Јакимовски ги информираше учениците за улогата на општината врз развојот на локалната заедница и како може локалната самоуправа преку проекти да влијае на одржување на здравата животна средина и подобрување на животниот стандард на своите сограѓани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пет пациенти кои се лечеа во странство…

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари на…

Земјотрес со епицентар во Албанија, почувствуван во…

Земјотрес со јачина од 3,2 степени според…

Министерството за демографија ја започна постапката за…

Министерството за социјална политика, демографија и млади…

Црвен крст: Исплатена помош на 58 семејства…

Црвениот крст денска соопшти дека со исплатата…

МЕТЕО АЛАРМ ЗА МАКЕДОНИЈА: Активирано жолто ниво…

Од утре следува период на променливо облачно…