(Фото) ОСМАНИ ГРАБНА САКСИЈА: Министерот засади дрво на покривот на МНР

t

Министерот за надворешни работи и Претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, заедно со вработените во МНР денеска засадуваше дрва на покривот на Министерството како пример за одговорно однесување кон животната средина и справување со проблемот со аерозагадувањето.

– Грижата за животната средина треба да биде врвен приоритет во сите наши акции што ги правиме и како луѓе, но пред сè и како официјални претставници на државата. Климатска акција и борбата со ефектите од климатските промени се еден од нашите три главни приоритети на Претседавањето на Македонија со ОБСЕ во 2023 година. Преку оваа наша зелена дипломатија сакаме да поттикнеме и другите институции и поединци да го следат овој пример – рече Османи.

Османи потенцираше дека заштитата на животната средина е многу важна компонента од човековата димензија на ОБСЕ и директно се поврзува и со безбедноста, бидејќи загрозувањето на животната средина, неодржливото користење на природните ресурси и лошото управување со отпадот имаат огромно влијание врз здравјето, добросостојбата, стабилноста и безбедноста на земјите.

– Засадувањето дрва и создавањето на мали зелени оази на покривите е особено важно за центарот на Скопје. Според официјалните анализи, центарот претставува урбан топлотен остров и затоа позеленувањето на што повеќе површини може да има двоен ефект – да придонесе за намалување на температурите во лето и да ги намали штетните ефекти по здравјето на граѓаните предизвикани од аерозагадувањето – рече Османи.

Влијанието на климатските промени е еден од најголемите глобални предизвици, што ја засегаат и нашата земја, рече Османи и истакна дека ќе продолжи да ја става оваа тема на маса на сите состаноци како Претседавач со ОБСЕ и да работи на добивање поддршка за заедничка акција од сите земји-учеснички на ОБСЕ во насока на понатамошно подигање на свеста за врската на климатските промени и безбедноста, преку конкретни акции и активности.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Неколку часа по атентатот, Трамп ја продолжи…

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, беше…

Бајден веднаш разговараше со Трамп по обидот…

Американскиот претседател Џо Бајден во саботата вечерта…

Денеска се празнуваат Светите маченици Козма и…

Лекари, бесребреници и чудотворци. Овие двајца светители…

Седете дома! Температури до 42 степени!

Времето денес (13.07 2024 год.): Сончево и…

ТРАМП: Бог да ја благослови Америка!

Сакам да им се заблагодарам на Тајната…