(Фото) Палевски им ги разобличи лагите за нов ТОМОС од Фанар: Го објави во целост Toмосите од 1922 и 2022

t

Вчерашниот ден кој беше значаен затоа што дојдоа гости од Московската патријаршија да сослужуваат со нашите владици и Архиепископ на МПЦ ОА, господин господин СТЕФАН Охридски и Македонски, заврши успешно, не сакав да ги читам бљувотините со кои беше затрпан.

Вчера беше вкључена целата артилерија на ФАНАР на чело со Каравангелис (Партение) но и на СИСТЕМОТ (УДБА) во измислување некаква процедура која не постои, очајнички омаловажувајќи ги гостите, духовници и достојници високи од Москва, од Руската Православна Црква.

Сабајлево ги читав, па онака со горчина во устава од толкава количина на Македонски предавници и никаквеци, решив пред да се фатам со работа околу организација на ДЕСНА, да шкрабна неколку зборови.

ИМЕНО,
ФАнар на чело со Бартоломеј (МИ6 и ЦИА) со КАНОНИЗАЦИЈАТА не врати во црковно единство со сите православни ЦРКВИ, ја тргна шизмата, со што заврши неговата задача, ги искористи во максимум сите негови моѓи и овластувања и задачи кои ги има.

Истиот тој ФАНАР не даде ТОМОС и неможе да издаде ТОМОС, туку како што налагаат каноните не упати на решавање на нашиот (МПЦ ОА статус) проблем со автокефалијата кај нашата мајка СПЦ.

Заради коректност, пак ќе повторам, Автокефалијата може да се добие само од Мајката ЦРКВА од причини што епархиите на МПЦ ОА, ФАНАР веќе ги имаше доделено на СПЦ далечната 1922 година, со што и самиот знае, но не пишува експлицитно дека ФАНАР нема никакви ингеренции врз нашите ЕПАРХИИ, туку сосема спротивно СПЦ која ги поседуваше со ТОМОСОТ од 1922 година издаден од тогашниот ПАРТИЈАРХ МЕЛЕТИЈЕ…Тој томос го имате во оригинал како прилог во овој пост.
Тоа е причината зошто не се нафати БПЦ (Бугарска православна црква) да ни биде мајка неколку очајнициве во МПЦ ОА на чело со Наум и Каравангелис (Партение) тоа го сакаа, ужасно многу го сакаа.

Во тој ТОМОС, уредно се набројани сите ЕПАРХИИ, тој е еден и единствен и СПЦ нема повеќе од еден ТОМОС, тоа е тоа, дадено од ЦАРИГРАДСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА точно пред еден ВЕК на СПЦ. Неможе едни те исти ЕПАРХИИ да бидат дадени на две цркви, математички е невозможно, за жал на баксузиве во Македонија, некакви пискарала кои сакаат да се претстават за некакви авторитети во црковниот живот во Македонија.

Лани, во Јули месец СПЦ се одлучи да ни го додели ТОМОСОТ за Автокефалност со нашето полно и вековно име МПЦ ОА, со дополнение ни го призна и КАНОНСКОТО НАСЛЕДСТВО на Охридската Архиепископија и ја укина нејзината Православка Охридска Архиепископија која беше вистинскиот проблем помеѓу СПЦ и МПЦ ОА. Нејзиниот ВЛАДИКА Зоран Вранишковски беше и официјално пензиониран, тргнат за да нема повеќе проблеми.

Во тој ТОМОС од 2022 после еден ВЕК сите ЕПАРХИИ на МПЦ ОА кои претходно беа содржани во ТОМОСОТ од 1922 година, на МЕЛЕТИЈЕ патријархот од Цариград дадени на СПЦ, по нај регуларен ПАТ станаа на МПЦ ОА, со арно, со убаво, претходно одлучено на Црковно Народниот собор на СПЦ одржан во Мај во Сремски Карловци.
Се испочитува канонското православно право по сите нишани.

Денес, кога МПЦ ОА е силна, Македонска ЦРКВА со сите нишани, нејзиното оспорување доаѓа од домашните предавници сместени во СИНОДОТ на чело со ПАРТЕНИЈ, викан КараВангелис, но и целата СЕВРЏАНСКА интелектуала повикувајќи се дека се чекаат ТОМОСИ од Цариградската патријаршија на чело со Бартоломеј.

Таква постапка не постои, таква можност не може да биде, нооо очајнициве и слугиве на САТАНАТА (САД) купуваат време за напад на нашата црква од внатре, од СИНОДОТ.

Секој денес што спомнива ТОМОС од Цариград не само што е не писмен, туку е и злонамерен душман на Македонците, на ФАНАР слуга ставен во функција на оспорување на МПЦ ОА.

Во продолжение како илустрација Ви се двата ТОМОСИ со временска дистанца од 100 години, па согласно тоа измерете го значението на оваа голема победа на Македонците со помош на нашите Руски православни браќа, на чело со големиот и праведен Московски патријарх, КИРИЛ.

Секако, повелете и превод од ТОМОСОТ од 1922 година бидејќи е напишан на ГРЧКИ ЈАЗИК, а Палчо не е Порошенко и Филарет па да шета ТОМОСИ без да ги прочита и ja разбере содржината.

Со господ напред,

ќе победиме,

За Македонците

и Македонија

#Палчо

Фејсбук статус на претседателот на ДЕСНА, Љупчо Палевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хрватска гради центар за радиоактивен отпад на…

Хрватскиот фонд за финансирање за отстранување на…

Над 13 илјади странци се вработени во…

Развојот на различните сектори на економијата и…

Апасиев до власта: Не одите уште долго…

*Објава на Фејсбук на пратеникот Димитар Апасиев:…

СДСМ: Срамота е Мицкоски да зборуваш за…

Нема дно кое Мицкоски не може да…