(Фото) Рашковски на Халкидики со одземен пасош?

t

На социјалните мрежи се појави фотографија од поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.

Рашковски кој се товари дека во периодот од 2017-2019 година при спроведување на постапка за јавна набавка потпомогнат од останатите двајца осомничени ја злоупотребил службената положба и овластување, сега наводно е на одмор во Грција. Исто така, Рашковски се товари дека со умисла помогнат од второосомничениот во периодот од 2019 – 2021 година за себе прибавил противправна имотна корист во поголем износ со што двајцата сториле кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.2 в.в. со ст.1 од Кривичниот законик.

Во пресрет на летните одмори на 15.06 годинава за предметот „Софтвери“, Драги Рашкoвски побара од Кривичен да му го врати пасошот. Единствената мерка која важи во моментов против него е одземени патни исправи, со оглед на тоа дека Апелација прифати со гаранција од 193 илјади евра од се брани од слобода.

Се поставува прашањето како со одземен пасош, Рашковски заминал во Грција и дали навистина на сликата се наоѓа екс генералниот секретар на Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вредноста на синдикалната минимална кошница за два…

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во…

Ова не е Израел, ниту Иран, ова…

Општинската организација на СДСМ во Конче реагира…

ОЈО потврди: Уапсено е лицето од Народна…

Уапсен вработениот во Народна Банка за кого…

Тројца лишени од слобода за разбојништво во…

На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…

Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда

Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…