(Фото) СЕКС СКАНДАЛ ЈА „ТРЕСЕ“ КОТОРСКАТА ПОЛИЦИЈА: Објавени фотографии од двајца инспектори кои имале оргии во станицата
Во просториите на которската полиција на 30 јули 2020 година двајца полициски инспектори организирале оргии со две жени, а потоа за тоа го известувале и поранешниот полицаец на Полициската управа Љуба Миловиќ, кој е обвинет дека бил на врвот на озлогласениот кавачки клан, пишува црногорскиот портал Борба.

Порталот дошол до експлицитни фотографии што се дел од досие што Европол го доставил до надлежните органи за прислушуваните пораки. Како што може да се заклучи од пораките, полициските службеници ги привеле жените и потоа имале сексуални активности со нив.
На фотографиите од полициската станица што ги објави Борба се гледа како полицајци ги допираат жените, се бакнуваат со нив и имаат сексуални активности со една од жените.

Една од двете жени од овие фотографии била во центарот на аферата една година претходно кога осудениот Ѓ.П. кој ја издржува казната во Специјалната болница за психијатрија во Котор, објави фотографија на која е во болничка соба со едно голо и друго делумно голо женско лице, кое е облечено во униформа на здравствен работник.

Порталот објави и пораки што наводно се и доказ во случајот и кои еден од инспекторите му ги испратил на претходно споменатиот Љуба Миловиќ. „Шоу со неа во канцеларија“, „Е види ја што прави во полициска станица“, пишува во пораките во кои наводно полицајците се фалат со „жешката акција“ во станицата.
„Браво, брате мој“, гласел одговорот од другиот крај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Путин да се фокусира на мирот во…
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…
Префрлени над 147 милиони денари: Црвениот крст…
Во рамките на апелот на Црвениот крст…
Градското собрание на Лос Анџелес осветлено во…
Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…
Гаши на средба со Алиев: Азербејџан работи…
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија,…