(Фото) Трамп објави нова АИ фотографија: Сега не е Исус, туку ја носи Земјата на рамена
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалните мрежи објави АИ-илустрација на која, обвиен со американското знаме, ја носи Земјата на своите раменици.
На сликата, Трамп е прикажан во драматична поза додека држи огромна планета, во стил што потсетува на политички мит за лидер кој го носи товарот на светот.
Објавата брзо привлече внимание на социјалните мрежи, каде што корисниците ја споделуваа со различни коментари. Дел од нив оценија дека Трамп повторно се претставува како спасител не само на Америка, туку и на целиот свет.
Ова не е првпат американскиот претседател да сподели вакви АИ-генерирани содржини. Пред неколку месеци тој објави слика на која беше прикажан како фигура слична на Исус Христос, облечен во бела облека, како допира болен човек.
По бројните критики, вклучително и од дел од религиозната десница, објавата беше избришана, а Трамп тврдеше дека сликата требало да го прикаже како лекар.
Набргу потоа, тој сподели уште една АИ-слика на која е прикажан како стои пред говорница додека Исус го прегрнува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Трамп објави нова АИ фотографија: Сега…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалните мрежи…
Во Тирана и денеска на протест се…
Илјадници албански граѓани вечерва протестираат во Тирана…
Хезболах го отфрли договорот меѓу Израел и…
Лидерот на Хезболах, Наим Касем, го отфрли…
Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела…
Бројот на жртви од катастрофалните земјотреси во…
(Видео) Топлотниот бран што ја пустоши Европа се…
Топлотниот бран што повеќе од една недела…