(Фото) Хаос во СДСМ: Членството разочарано – молете се да нема избори

t

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски вчера објави дека заедно со генералниот секретар, Миле Зечевиќ им ги врачиле одлуките за именување на ново избраните претседатели и претседателки на општинските организации на СДСМ.

Дел од членството очигледно смета дека има внатрепартиски проблеми, но и јавно го изразува незадоволството од одлуките кои ги носи раководството. Сметаат дека дел од новоизбраните претседатели на општинските организации се далеку од вистинскиот избор.

-СДСМ е државотворна партија и оперативно е подготвена, следува комплетирање на тимовите на локално ниво и засилено присуство на партијата на теренот, меѓу граѓаните. Генералниот секретар Зечевиќ ги повика ново избраните претседатели на Општински организации, при составувањето на новите Извршни одбори на локално ниво да го запазат досегашниот принцип на широки консултации и максимална инклузивност на процесот, стои во објавата на Фејсбук страната на партијата.

Меѓу коментарите можеше да се прочита и оној на поранешниот директор на ЈП „Улици и патишта“ Сенад Смаиловиќ кој вели дека новиот претседател на партијата го немаат видено во Бутел.

По преземањето на партијата од Зоран Заев, на средината од декември минатата година, Ковачевски во своето обраќање истакна дека има визија и план како партијата повторно да се врати на победничките патеки.

-Од утре мора да засукаме ракави, и да се фатиме за работа. Наша е одговорноста за се што ќе се случува во партијата, но и во државата во годините што следат, нагласи тогаш Ковачевски кој го повика членството да се обедини за промените кои членовите, но и граѓаните, ги очекуваат.

Ковачевски тогаш додаде и дека приоритет ќе му биде да се врати единството во партијата, да се продолжи негувањето на социјалдемократските вредности, што очигледно тешко му оди.

Дека СДСМ се повеќе ја губи поддршката, покажа и анкетата на ИПСОС објавена на почеток од јануари годинава.

Спред резултатите ВМРО-ДПМНЕ на анкетата имала водство од 9 отсто пред СДСМ, а огромното мнозинство граѓани сметале дека државата оди во погрешна насока.

На прашањето „Доколку би имало утре предвремени парламентарни избори, и на тие избори би се кандидирале партии, а не коалиции, за која политичка партија би гласале“, најголем број граѓани одговориле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ – 21 отсто. За СДСМ одговориле дека ќе гласаат 12,5 отсто од испитаниците.

Трета е ДУИ со 7,2 отсто, потоа Левица со 4,3 отсто и Алијанса за Албанците со 3,3 отсто. Анкетата била спроведена за потребите на ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Васло за бугарските клубови и уставните измени:…

Заменик aмбасадорoт во делегација на ЕУ во…

Синдикатот на УКИМ бара за 4 години…

Синдикатот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“…

(Во живо) Прес-конференција на премиерот Димитар Ковачевски

Следете ја во живо прес-конференцијата на премиерот…

Трагедија: Скопјанец пронајден мртов во стан

На 03.10.2022 во 23.08 часот во Полициска…

Рускиот Рибар: Украинците користат американска технологија, секоја…

Руски "Рибар" на Твитер детално ја објаснува…