Објавено на:

(Фото) Црн мраз се појави во Германија, откажана наставата, има и жртви во сообраќајки

t

Низ Германија има проблеми поради „црниот мраз“ кој се појавува на патиштата и тротоарите.

Метеоролозите издадоа предупредувања за речиси целата држава, наставата се откажува, има прекини во воздушниот и железничкиот сообраќај, а на патиштата има голем број сообраќајни незгоди во кои има загинати.

Германската метеоролошка служба (DWD) издаде сериозни предупредувања за опасни временски услови поради замрзнатиот дожд, кој предизвикува речиси невидлив слој мраз на земјата. Издадени се предупредувања за делови од сите германски сојузни покраини. Поради мразот можен е застој во сообраќајот, а на места непроодни се патиштата и железницата.

Замрзнат дожд со формирање на мраз на теренот најпрвин се појавил во западниот и северозападниот дел на земјата, а потоа и во централниот дел. Замрзнат дожд во текот на денот ќе биде широко распространет и на североисток и исток, соопшти ДВД. Во Северна Рајна Вестфалија ситуацијата се уште се смирува.

DWD советува што е можно повеќе да избегнува престој на отворено, а оние кои денес мораат да користат автомобил се повикуваат да го прилагодат начинот на возење. DWD исто така ги советува возачите да ги полнат резервоарите и да носат со себе ќебиња и топли пијалоци.

Поради опасното време, наставата е откажана во голем број области во Долна Саксонија (вклучувајќи ги Хановер и околината), Хесен, Рајнска област-Пфалц, а наставата е делумно откажана и во областа Бад Кисинген. Во училиштата во Бремен присуството е задолжително само од третиот час.

Откажување на настава има и во Берлин, каде некои училишта одлучиле да ја прекинат наставата во 11 часот.

Низ Германија се регистрирани голем број сообраќајни несреќи поврзани со временските услови, во кои има неколку повредени и загинати.

Во сообраќајна несреќа на автопатот 27 меѓу Бремен и Хановер загина 25-годишен возач. Портпаролот на полицијата изутрината изјави дека автомобилот излетал од патот поради лизгавиот коловоз. Несреќата предизвикала сообраќаен колапс. Тракторист загина во несреќа на завеан и замрзнат пат во Холцхаузен (област Рајн Лан).

Во Офенбах кај Франкфурт автобус на јавен превоз удрил во дрво поради „црниот мраз“ на патот. Во несреќата се повредени 12 лица, а пожарникарите се на терен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пеколни температури со над 40 степени низ…

Под влијание на топла воздушна маса од…

(Видео) По усвоениот извештај за Македонија –…

Преговорите беа тешки и долги, но имаме…

Со Бриселски диктат го испратија по дома:…

Петар Богојески заминува од Националната агенција за…

Судот не може да го најде таткото…

Денешното рочиште со кое требаше да почне…

(Видео) ТАФТАЛИЏЕ 1 ДОБИВА НОВА МОДЕРНА ГРАДИНКА…

Денеска, започнаа градежните работи, со кои ќе…