(Фото) Четири дена по силното невреме Скопје сè уште ги санира последиците – Најголеми штети има во Градскиот парк, како и Карпош и Аеродром

t

Денеска екипите на јавните претпријатија со тешка механизација сечеа и отстрануваа големи стебла во парковите и на јавните површини, но во голем дел од населбите и натаму има паднати дрвја и гранки што чекаат расчистување.

Приоритет беше да се ослободат улиците и да се нормализира сообраќајот.

Иако првично беа пријавени 189 паднати стебла, се проценува дека нивниот број е повеќекратно поголем.

Најголеми штети има во градскиот парк, на гробиштата Бутел, како и во населбите Карпош и Аеродром, каде што се оштетени и десетици возила.

Екипите и во наредните денови ќе продолжат со расчистување на теренот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Четири дена по силното невреме Скопје…

Денеска екипите на јавните претпријатија со тешка…

Осум лица приведени низ Македонија – кај…

Осум лица се лишени од слобода во…

Мицкоски: Владата продолжува со силна поддршка за…

„Јас сакам само да упатам честитки на…

Си-ен-ен: Трамп ги запира нападите врз Иран…

Потпретседателот Џ.Д. Венс и началникот на Здружениот…