(Фото) Што треба да се случи за некој да реагира! Повторно сообраќајна незгода на истата локација на Фариш – Градско
Еден загинат, едно тешко повредено дете и повреден возач е билансот од четирите сообраќајни несреќи што се случија во рок од само еден месец на новиот експресен пат Градско – Фариш.
Дополнително, во истиот период, регистрирано е и излетување на шлепер, поради што сообраќајот беше во прекин пет часа. Жителите од населбата Стопанство, која се наоѓа веднаш до критичниот свиок на исклучокот од патот, на влез кон автопатот за Скопје од правецот на Прилеп, велат дека бројот на несреќи е далеку поголем и стравуваат за својата безбедност, бидејќи возилата им влетуваат директно во дворовите.
„Не се само овие несреќи. Најмалку десетина автомобили има излетано тука. Овие што полицијата ги кажува се поради тешките повреди, а другите минуваат со лесни. Проблемот е што колите и камионите, кога ќе излетаат со голема брзина, слетуваат во дворовите од нашите куќи. Ние стравуваме за нашите животи и животите на нашите деца. Кога спиеме, од кај да знаеме што ќе се случи“, велат загрижените жители.
Тие објаснуваат дека за проблемот со опасниот свиок алармирале кај надлежните уште додека се градел експресниот пат, но никој не ги послушал.
„И кога идеа министри и директори додека се градеше, реагиравме дека ќе има проблеми, му укажавме и на изведувачот ‘Штрабаг’. И сега реагираме, и до градоначалникот на Градско, и до надлежните да нè заштитат, но ништо. Последната несреќа беше пред седум дена, во недела на пладне, кога кола падна во двор. Децата наши видоа толку лоша слика, како тешко повредено дете се бори за живот пред нивни очи“, додаваат жителите.
Тие додаваат дека и заштитната метална ограда на патот е оштетена, со што сега немаат никаква заштита. Поради игнорантскиот однос на институциите, жителите најавуваат дека размислуваат да го блокираат патот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Што треба да се случи за…
Четврта несреќа за месец дена на патот…
Кривична пријава за две лица од Скопје,…
Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал…
Марковиот манастир остана без монахињи, сестра Илијана…
Сестра Илијана, Игуманија на Марковиот Манастир, кај…
По мозочниот удар лекарите не сакаат да…
Министерот за јавни инвестиции, Дарко Глишиќ, беше…
Трамп: Би сакал пак да се кандидирам…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека веројатно…