Франција избира помеѓу Макрон и Ле Пен
Денеска одлучувачки втор круг од изборите во Франција, дали земјата во следните пет години ќе ја води и натаму – актуелниот претседател Емануел Макрон или кандидатката на десницата Марин Ле Пен, за која овие избори се трет нејзин обид да влезе во Елисејската палата.
Целта на Макрон е да биде првиот француски претседател кој освоил втор последователен мандат во изминатите 20 години, откако Жак Ширак го освои вториот мандат во 2002-та кога го победи Жан Мари Ле Пен, таткото на неговата противкандидатка.
Според последните одбјавени анкети, се очекува Макрон да победи со 57 отсто гласови во однос на Ле Пен, која би можела да добие околу десетина процентни поени помалку. Но на овие избори влогот е голем бидејки Ле Пен никогаш досега не била толку блиску до власта.
Растот на животните трошоци,од сметките за струја, до гасот и храната, всушност се прашања од врвен приоритет на овие избори, а тимот на ле пен се чини многу добро го препозна нивното значење. Пораката на Ле Пен е Макрон или Франција, таа вети дека ќе распише референдум за миграцијата и ќе го забрани носењето на бурки во јавноста. Макрон ги предупреди Французите дека изборите се референдум на кои се одлучува за секуларизмот и за Европа.. Крајната десница може да создаде општетсво на омраза порача Макрон. Според анализите, на изборите би апстинирале помегу 25 до 30 проценти од граѓаните, особено гласачите на левицата кои се незадоволни од политиката на Макрон. Лидерот на крајната левица Жан Лук Меланшон, кој на првиот круг беше третопласиран, иако изјави дека Марин Ле Пен не треба да добие ниту еден глас, сепак на кажа децидно, неговите гласачи да го поддржат Макрон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…
Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…
Република Српска не го прифаќа британскиот план…
Премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ, изјави…
Нетанјаху не ја исклучува опцијата за атентат…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во интервју за…
„Нано-игла“ илјада пати потенка од човечко влакно…
Истражувачите од Кралскиот колеџ (King's college) во…
Карлсон: Војната со Иран би значела крај…
Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…