ФРП бара в.д. претседателката на Кривичен да се повлече од функцијата – се води истрага против брат и во врска со „Пулс“
Форумот за разумни политики (ФРП) денеска го објави првиот анализиран случај во рамките на Индексот за политички интегритет (ИПИ), а во чиј фокус е в.д. претседателката на Основниот кривичен суд Скопје, Даниела Димовска.
Целта на Индексот за политички интегритет е јавно адресирање на прашања поврзани со интегритетот, етиката и одговорноста на носителите на јавни функции, а анализираниот случај кој се однесува на Димовска е во контекст на судските постапки поврзани со пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.
Врз основа на јавно достапни факти и утврдени индикатори, на Димовска ѝ е дадена негативна оценка во рамките на ИПИ, во категоријата етичка култура, бидејќи во една од истрагите што ги отвори Обвинителството во врска со трагичниот пожар е осомничен нејзиниот брат.
„Во вакви околности, правичното и неселективно постапување на истражните и судските органи е единствената можност за враќање на довербата на граѓаните во системот. Оттука, неопходно е да се разгледа постоењето на можен судир на интереси, сомнежи за можни влијанија и селективност, односно дали и на кој начин позицијата на в.д. претседателката Димовска може да влијае врз судскиот процес во кој е осомничен нејзиниот брат“, се вели во анализата на случајот од страна на Форумот за разумни политики.
На 20 ноември минатата година Основното јавно обвинителство Кочани отвори истрага против 11 лица, меѓу кои и даночни инспектори во штипската дирекција на Управата за јавни приходи кои се осомничени дека примале мито од сопствениците на т.н. кабаре за да им дојавуваат кога ќе има инспекциски контроли.
Пред Обвинителството да ја отвори истрагата, Истражувачката репортерска лабораторија во септември лани објави документарен филм со наслов „Нашиот морален компромис“, во чии 22 минути и 30 секунди на увид на јавноста стави текстуални разговори преку апликации за комуникација меѓу сопствениците на т.н. кабаре и инспектори од Управата за јавни приходи (УЈП) и Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).
Комуникацијата што ја добиле од свиркач покажува дека дел од инспекторите ги информираат сопствениците на објектот кога ќе има контроли во него, а може да се види и комуникација која имплицира дека се разговара за часовник како подарок за еден од државните службеници.
„Веројатно како резултат на истражувачката новинарска сторија што изнесе на виделина докази за корупција, односно примање/давање на мито, се отвори нова истрага во која е опфатен и инспекторот Драган Паунов, брат на в.д. претседателката на Основниот кривичен суд Скопје, Даниела Димовска. Иако овој предмет не се спојува со актуелниот предмет за пожарот во дискотеката ‘Пулс’, затоа што не постои поврзаност со штетната последица, сепак, самиот сомнеж за корупција поврзан со работата на дискотеката ‘Пулс’ и барањето на Основното јавно обвинителство за ефективен притвор за Драган Паунов претставува индикатор за неговата вмешаност во незаконската работа на дискотеката“, се наведува во анализата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ФРП бара в.д. претседателката на Кривичен да…
Форумот за разумни политики (ФРП) денеска го…
Монструозно: Таткото на Вања направи ЛАЈК со…
Таткото на Вања попладнево e донесен во…
Судот на ЕУ ја одобри забраната за…
Владините канцеларии можат да забранат верско облекување,…
Зеќири се расплака во завршните зборови на…
Во завршните зборови на судењето против поранешниот…
Судијката Снежана Манев избрана за претседателка на…
Судскиот Совет денеска ја избра судијката Снежана…