Фрчкоски: Целиот инженеринг околу доаѓањето на Артан Груби е договор меѓу ВМРО и ДУИ
Целиот инженеринг околу доаѓањето на Артан Груби е договор помеѓу владејачката ВМРО- и ДУИ, нагласи членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, во вечерашната дебата во емисијата „Само вистина“ на Канал 5. Тој посочи дека денешното приведување на Груби наликуваше повеќе на пречек отколку на приведување, се наведува во денешното соопштение на Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.
„Да се потсетиме, Артан Груби ја напушти Македонија како кој било граѓанин кој туристички заминува од држава. Ако се сеќавам добро, камерите на граничниот премин тогаш не работеа. Беше обвинет некој службеник, случајно најден позади компјутерите на царината. И денеска, со едни фанфари како на свадба, го пречекаа во 6 сабајле, и нормално, тоа, како што личи, беше проследено од медиумите блиски до власта, од изјавите на владејачката партија, како една „церемонија“ на испраќање од граница до притвор, од притвор до обвинителство. Ништо не наликуваше на приведување, имаше видео во 6 часот наутро со камери, и не мислам дека некој станал во 6 наутро да снима природа на Блаце“, рече Фрчкоски.
Во дебатата, Фрчкоски посочи дека и „приведувањето“ на Груби е дел од внимателно конструирана наметната реторика на власта која ја дефокусира јавноста од темите кои сака да ги сокрие.
„Ова е дел од мантрата на ВМРО и како чаршав покрива многу теми од кои бега целиот овој период, како што се непокачувањето на минималната плата, скандалот со петте тони марихуана кој се уште нема никаква разрешница, едно чудо тендери, криминали кои СДСМ ги објавува. Така што, сѐ она што ќе следи во наредниот период ќе биде една камуфлажа со која ќе се обидат да го покријат, а преку случајот со Артан“, рече Фрчкоски.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фрчкоски: Целиот инженеринг околу доаѓањето на Артан…
Целиот инженеринг околу доаѓањето на Артан Груби…
ИСЛАНД ЌЕ ГЛАСА ЗА ПРИКЛУЧУВАЊЕ КОН ЕУ…
Исланд размислува да распише гласање за рестартирање…
Министерството за здравство им посака лесни пости…
дневниот Велигденски пост. Пет дена претходно на…
(Фото) Одрон во тунелот на патот Скопје–Велес
Во тунелот на патниот правец од Скопје…
Стоп за растот на функционерските плати –…
Со Предлог-законот за изменување на Законот за…