Објавено на:

ФФМ свесно провоцира инциденти на баражот Вардар – Скопје!

t

Иако за последното место во следната сезона во Првата лига играат две скопски екипи, Скопје и Вардар во баражот на 21 мај од 17 часот, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) нaстрана што реши нелогично да го однесе мечот надвор од престолнината, туку го закажа во Кавадарци, каде вардаровите навивачи не се баш добредојдени.

Скопје нема некоја навивачка армија, ама затоа вардаровите Комити подготвуваат огромна неколку илјадна инвазија на Кавадарци, чии локални навивачи се браќа со најголемите навивачки непријатели на скопјани, битолските Чкембари.

Настрана што ФФМ со смешките за избор на места каде ќе се игра финалето во Купот и сега баражот ја откри целата реалност за катастрофалните инфрастуктурни услови, на толку фалење за инфраструктурата, одлуката скопската пресметка за тоа кој ќе биде прволигаш повеќе делува како свесна провокација да се случат инциденти.

Инвазијата на Комити во Кавадарци ќе ја крене пола македонска полиција за да го обезбеди мечот, кој вообичаено кога играат овие два клуба не е ни од најмал ризик, ама затоа сега ФФМ го претвора истиот во меч од највисок ризик, само поради одлуката мечот да го тргне од Скопје. Од овој избор на ФФМ полошо можеше да биде, баражов да се игра во Битола или евентуално во Тетово.

Вардар по две години во Втората лига сега има шанса да се врати во домашната елита, иако фаворитската улога сепак е кај „пиратите“ кои пролетва заиграа далеку поагресивно и поцврсто, па избегнаа во дуелот со Победа испаѓање од прволигашката конкуренција, но и поради традицијата во која ваквите баражи безмалку секојпат ги добиваат прволигашите. Скопје лани преку Беласица во ваков бараж го обезбеди местото во Првата лига.

Инаку ФФМ првично ја избра Струмица за домаќин на финалето во Купот, за потоа да се премисли и мечот да го закаже ден пред баражот на тренинг-центарот на ФФМ, „Петар Милошевски“. Скопската пресметка, пак, во баражот ја однесе во Кавадарци, иако ако веќе требало да се игра надвор од Скопје, што е нелогично, Охрид би бил поприкладен зашто тензии пред и по мечот не би имало со локални навивачи, а веќе вардаровите фанови неколку пати без проблеми минале на вакви гостувања во македонскиот туристички бисер.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Такер Карлсон беше во право“: Уште во…

Предупредувањето на новинарот Такер Карлсон за можен…

Армијата се вклучи во гаснењето на пожарот…

Откако Владата прогласи кризна состојба, претседателката и…

Мицкоски го осуди атентатот, но му го…

И премиерот Мицкоски го осуди обидот за…

Видео од атентаторот на Трамп: Ги мразам…

На социјалните мрежи се појави видео од…

И Кавадарци помага во гаснењето на пожарот…

На координацијата на Градоначалникот на Кавадарци, Митко…