Хамнеи го обвини Трамп за немирите и жртвите во Иран
Протестите што со недели го потресуваа Иран се смирија, но зад себе оставија илјадници жртви и тешки обвинувања. Иранскиот врховен водач Али Хамнеи го обвини американскиот претседател Доналд Трамп за „жртвите и штетите“ настанати за време на немирите, пренесува Скај њуз.
Во својата прва објава на социјалната мрежа „Икс“ по 12 јануари, иранскиот врховен водач Али Хамнеи изјави дека Доналд Трамп го смета за одговорен за жртвите, штетите и клеветите што ги изнел против иранскиот народ.
Хамнеи претходно ги обвини демонстрантите дека дејствуваат во име на Трамп и други „странски терористи“, нарекувајќи ги „вандали и“ кои „ги уништуваат сопствените улици за да го израдуваат претседателот на друга земја“.
За време на немирите, дел од демонстрантите ги палеа фотографиите на Хамнеи, што стана симбол на пркос и отпор против режимот.
Според организациите за човекови права, во насилното задушување на протестите биле убиени над 3.000 луѓе, додека иранските власти признаваат околу 300 жртви. Демонстрациите избувнаа кон крајот на декември поради економската криза, а прераснаа во протести против клерикалната власт.
Иако животот во Техеран и другите градови постепено се нормализира, властите спроведуваат процена на штетите, додека интернетот бил речиси целосно блокиран повеќе од една недела, што ја отежнало независната проверка на настаните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хамнеи го обвини Трамп за немирите и…
Протестите што со недели го потресуваа Иран…
Турција е против каква било воена интервенција…
Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан…
Пахлави: Признавање на Израел и крај на…
Иранскиот престолонаследник Реза Пахлави, кој е во…
Ројтерс: Можно е американско воено интервенирање во…
Американската воена интервенција во Иран сега изгледа…
Трамп: Земјите што тргуваат со Иран ќе…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека секоја…