Хаос во Венецуела: Властите обвинуваат хакери од Македонија
Големи немири избиле во главниот град на Венецуела еден ден откако претседателот Николас Мадуро соопшти дека победил на изборите. Неколку илјади демонстранти се обиделе да се приближат до претседателската палата во главниот град Каракас, додека полицијата и војската одговориле со солзавец и гумени куршуми. „Би-би-си“ јавува дека на безбедносните сили им се придружиле левичарските паравоени формации кои се судриле со демонстрантите и блокираа многу патишта околу центарот на градот.
Тамошниот министер за одбрана, Владимир Падрино Лопез на социјалната мрежа „Х“ објави дека за време на немирите во Венецуела се повредени повеќе од 20 војници, од кои некои со прострелни рани.
Главниот аеродром во Каракас засега функционира нормално.
Протестите ја зафатиле и сојузната држава Ла Гуаира, каде демонстрантите ја урнале и запалиле статуата на поранешниот претседател Уго Чавез на централниот плоштад.
Државниот обвинител Тарек Сааб во понеделникот објави дека од Македонија бил извршен хакерски напад насочен кон изборниот систем и наводно го нарушил процесот на броење гласови за време на претседателските избори кое се одвиваа викендов. Нападот, наводно, бил поврзан со адвокатот и опозициски активист Лестер Толедо.
Опозицијата ги оспори изборните резултати и тврди дека Едмундо Гонзалес победил убедливо со 73 отсто од гласовите. Испитувањата на јавното мислење пред изборите покажаа чиста победа на Гонзалес, кој беше поддржан од речиси сите опозициски партии во обид да го собори Мадуро по 11 години на власт. Многу опозициски лидери се засолниле во аргентинската амбасада стравувајќи од апсење бидејќи, како што известуваат тамошните медиуми, демонстрантите се обиделе да се пробијат до нив.
Мадуро истакнал дека опозицијата нема да може да создаде политичка криза во Венецуела.
– Ова се луѓето кои ќе владеат со Венецуела? Сакаат да дојдат на власт и да преземат функција? Да започнат граѓанска војна? Кризите се за раст. Не можеа и нема да можат… Акти на насилство и фашизам нема да поминат – нагласил претседателот во обраќањето до граѓаните.
Владата на Венецуела доцна во понеделникот објави дека ги повлекува дипломатите од голем број земји од Латинска Америка кои не ги признаваат резултатите од претседателските избори и во исто време побара тие земји веднаш да ги повлечат своите претставници од Венецуела. Прв реагираше Перу, кој на венецуелските дипломати им даде рок од три дена да ја напуштат земјата.
Венецуела, исто така, привремено ќе ги прекине комерцијалните летови со Панама и Доминиканската Република како одговор на нивното наводно мешање во работите на земјата.
Актуелниот претседател на Венецуела Николас Мадуро победи на претседателските избори одржани во неделата откако освои 51 отсто од гласовите, додека опозицискиот кандидат Едмунд Гонзалес освои 44 отсто.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хакери го нападнаа компјутерскиот систем на двата…
Хакери го нападнаа компјутерскиот систем на двата…
Одделот за внатрешна контрола не утврди вина…
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска…
Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…
Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…
Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…
Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…
(Видео) Oдбраната на Мицевска со која обезбеди…
Голманката на македонската репрезентација Јована Мицевска беше една од…