Хаос во турскиот парламент: Се истепаа пратениците на власта и опозицијата

t

Пратениците на владејачката партија и опозицијата се судрија во Големото национално собрание на Турција по жестока расправија околу наследството на основачот на Републиката, Мустафа Кемал Ататурк, пренесуваат регионалните медиуми.

Причината за судирот, како што наведуваат турските медиуми, биле спротивставените толкувања и политички ставови околу значењето на ликот и делото на Мустафа Кемал Ататурк, тема која и понатаму предизвикува длабоки поделби на турската политичка сцена.

Инцидентот се случил за време на дебатата за предлог-буџетот за 2026 година, кога расправијата прераснала во физичка пресметка, со туркање и размена на удари меѓу пратениците.

Судирот избувнал откако пратеникот на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП), Мустафа Варанк, упатил обвинувања кон лидерот на опозициската Републиканска народна партија (ЦХП), Озгур Озел. Реагирал заменик-претседателот на пратеничката група на ЦХП, Гохан Гунајдин, обвинувајќи ја АКП за намерно разгорување тензии за време на буџетската дебата.

По ескалацијата на обвинувањата поврзани со Ататурк, избувнала физичка пресметка која траела околу десет минути, додека обезбедувањето и дел од пратениците се обидувале да ја смират ситуацијата.

И покрај инцидентот, парламентот продолжил со работа. Предлог-буџетот за 2026 година беше усвоен со 320 гласа „за“ и 249 „против“, додека финансискиот извештај и конечниот буџет за 2024 година поминаа со 316 гласа „за“ и 247 „против“.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го поздрави усвојувањето на буџетот, наведувајќи дека очекува тој да придонесе за економскиот развој на земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хаос во турскиот парламент: Се истепаа пратениците…

Пратениците на владејачката партија и опозицијата се…

(Видео) Тепачка во албанскиот парламент

На денешната пленарна седница на Албанското собрание,…

Ердоган по средбата со Путин: „Мирот не…

За време на 90-минутната средба меѓу Ердоган…

Турција ја повика Украина да се согласи…

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан…

Ердоган: Нападите врз танкерите во Турската зона…

Нападите врз танкерите во ексклузивната економска зона…