Хаос на судењето за „Онкологија 2“: Адвокатка казнета со 500 евра
Со хаос и парична казна за адвокататката Анита Бегова, бранителка на обвинетиот Нехат Нухи заврши денешното рочиште за случајот „Онкологија 2“. Бегова демонстративно ја напушти судницата, незадоволна од начинот на кој Обвинителството ги презентираше доказите, а судот и изрече казна од 500 евра за нарушување на редот и за навреда на судот.
„Јас нема да учествувам во процес каде доказите не се презентираат соодветно пред јавноста и поротата“, рече Бегова пред да излезе.
Конфликтот настана откако Обвинителството почна да изведува документи од околу 180 страници во „пакет“ наместо поединечно, за што одбраната реагираше дека не се овозможуваат минимални стандарди за фер судење. Откако Бегова ја напушти судницата, судењето беше одложено за 7 април, време во кое на обвинетиот ќе му биде назначен нов адвокат по службена должност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хаос на судењето за „Онкологија 2“: Адвокатка…
Со хаос и парична казна за адвокататката…
25 години од почетокот на воениот конфликт…
Денеска се навршуваат 25 години од официјалниот…
Гаши: Таа ноќ Кочани и Македонија изгубија…
Некои ноќи завршуваат рутински, некои ноќи завршуваат…
Обоена со сина боја зградата на МВР…
Денес на 7 март, светот ќе им…
Мицкоски телефонски разговарал со премиерот на Катар…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска телефонски разговарал со…