Објавено на:

Хаос ја чека Европа

t

Европската Унија мора да се подготви за нов бран на миграција, предупредија италијанската премиерка Џорџа Мелони и данската премиерка Мете Фредериксен во писмо до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Џорџа Мелони и Мете Фредериксен, исто така, истакнаа дека постои ризик од хуманитарна криза слична на онаа од 2015 година.

Во писмото, кое го виде бриселскиот портал „Еурактив“, премиерите на Италија и Данска предупредуваат дека конфликтите на Блискиот Исток би можеле да предизвикаат голем бран бегалци и мигранти, што не само што би претставувало хуманитарна катастрофа за погодените, туку би ја загрозило и безбедноста и кохезијата на Унијата.

„Можеме поефикасно да им помогнеме на луѓето со директно насочување на поддршката кон нивните региони на потекло“, велат Џорџа Мелони и Мете Фредериксен.

Во писмото се додава дека Комисијата и надлежните агенции на Европската Унија треба да бидат подготвени да обезбедат брза поддршка по барање, како и да истражат механизми за итен одговор во случај на ненадејни миграциски бранови.
„Им должиме на европските граѓани и на засегнатото население навремена акција и подготвеност. Овој пат мора да бидеме подготвени и да дејствуваме“, нагласија Џорџа Мелони и Мете Фредериксен.

Премиерите истакнуваат дека продолжениот конфликт во регионот е веќе загрижувачки и дека постои потреба ЕУ веднаш да обезбеди соодветна поддршка на земјите-партнери.

„Не смееме да си дозволиме да бидеме изненадени како во минатото. Ова значи дополнително зајакнување на нашите граници и обезбедување дека сите членки на ЕУ се соодветно опремени за контрола на надворешните граници“, наведуваат премиерките.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хаос ја чека Европа

Европската Унија мора да се подготви за…

Mакрадули: Партијата, државта не се простор за…

Случувањата деновиве во СДСМ, единствената партија во…

(Фото) Уапсен директорот на Државниот инспекторат за…

Актуелен директор на државна институција вечерва е…

(Видео) Цеков: Не сум против уставни измени,но…

Пратеникот на ЗНАМ, Миле Цеков, кој е…

Уапсен е актуелен директор на Државен инспекторат…

Службите за борба против организиран криминал уапсија…