Харадинај бара дијалог со Србите за враќање во институциите и самит во САД за договор со Србија

t

Опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК) денеска побара од државното раководство да започне дијалог со косовските Срби за нивно враќање на работните места, откако на почетокот на месецов поднесоа оставки поради проблемите со регистерските таблички, јави дописникот на МИА од Приштина.

Лидерот на ААК, Рамуш Харадинај, претставувајќи во Собранието резолуција за состојбата во земјата по тензиите поради табличките, предложи и да се побара неколкудневен самит во САД, што би требало да резултира со меѓусебно признавање на Косово и Србија.

– Политичката и безбедносната ситуација во Косово е една од најтешките во овие 23 години. За жал и дејствијата на институциите не беа соодветни на создадената ситуација. Премиерот наместо да ги прифати барањата на меѓународните институции, започна со имплементација на одлуката во фази, со што ѝ даде на Србија можност да се прогласи за жртва, рече Харадинај.

Лидерот на ААК и поранешен премиер на Косово ги обвини институциите дека состојбата во северно Косово не ја истретираа сериозно врз основа на настанатиот ризик. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Нови снимки од нападот врз студентите во…

На социјалните мрежи се појави видео од…

Меси постигна гол, па го поздрави Ѓоковиќ

Изминатата вечер фудбалерите на Интер Мајами славеа…

Кумановец возел со 1,52 промили алкохол во…

Приведен кумановец затоа што управувал возило под…

Внимателно на патот Валандово – село Удово,…

Ноќеска од 03:15 часот на регионалниот пат…

Украинските сили за противвоздушна одбрана пресретнале 65…

Од Украинските сили за противвоздушна одбрана информираа…