Хајредини: ДУИ ќе биде на власт додека СДСМ и ВМРО сакаат верни Албанци

t

ДУИ е и ќе биде на власт се додека ВМРО и СДСМ, или било која друга македонска партија, во коалиција ќе сака да биде со на УДБА до гроб верни Албанци, или кои „не вредат ни пет пари“, вели поранешниот министер за финансии и политички аналитичар Џевдет Хајредини, пренесува Фокус.

–ДУИ е на власт, зашто и ВМРО и СДСМ, „за да бидат раат цел мандат“, со години од буџетот му ги плаќаат гласачите, зашто со закон го забранија објавувањето на кривичните дела врзани и кои произлегуваат од тајните прислушкувања, зашто надлежните органи неговите (на ДУИ) функционери не ги гонат кога бесправно на узурпирано земјиште градат, кога со пукање од огнено оружје пукаат на партиски собири и свадби – вели Хајредини.

Инаку, неговиот коментар се однесува на анализата објавена во последниот број на неделникот Фокус за феноменот ДУИ, која веќе 20 години постојано победува, додека некои нејзини ривали згаснуваат или целосно исчезнаа од политичката сцена, како што е случајот со ПДП и нејзиниот реликт ДПА.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грозоморно: Убиецот усмртил најмалку 10 лица во…

Министерот за внатрешни работи на Црна Гора,…

Девојче е првото бебе во Штип

Андреја е првото новороденче кое се роди…

(Видео) ЕКСПЛОЗИЈА пред хотелот на Трамп во…

Едно лице загина, а седум се повредени…

Апсење во Синѓелиќ, пронајдени над 13.000 пиротехнички…

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија…

Ѓоковиќ: Уште ќе напредувам

По освојувањето на златниот медал во Париз,…