Хајредини: ДУИ ќе биде на власт додека СДСМ и ВМРО сакаат верни Албанци

ДУИ е и ќе биде на власт се додека ВМРО и СДСМ, или било која друга македонска партија, во коалиција ќе сака да биде со на УДБА до гроб верни Албанци, или кои „не вредат ни пет пари“, вели поранешниот министер за финансии и политички аналитичар Џевдет Хајредини, пренесува Фокус.
–ДУИ е на власт, зашто и ВМРО и СДСМ, „за да бидат раат цел мандат“, со години од буџетот му ги плаќаат гласачите, зашто со закон го забранија објавувањето на кривичните дела врзани и кои произлегуваат од тајните прислушкувања, зашто надлежните органи неговите (на ДУИ) функционери не ги гонат кога бесправно на узурпирано земјиште градат, кога со пукање од огнено оружје пукаат на партиски собири и свадби – вели Хајредини.
Инаку, неговиот коментар се однесува на анализата објавена во последниот број на неделникот Фокус за феноменот ДУИ, која веќе 20 години постојано победува, додека некои нејзини ривали згаснуваат или целосно исчезнаа од политичката сцена, како што е случајот со ПДП и нејзиниот реликт ДПА.
Извор: Фокус
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Загина тракторист – oва се деталите
Жител на селото Сачево на 69-годишна возраст…
(Видео) Велиновска “го уби” Мицкоски: Не би…
Ниедна партија нема да опстои од постојниве…
(Видео) Народот го измамија измамници од најдолен…
Не згрешивме ние, налетавме на будали кои…
ПРИВЕДЕНИТЕ НЕ КАЖУВААТ НИШТО: Таткото на Самоил…
Таткото на киднапираниот Самоил Костадиновски, вели дека…
Сè што треба да знаете за летното…
Во два часот по полноќ со поместување…