Хезболах започна масовни воздушни напади врз Израел
Либанското шиитско движење Хезболах објави почеток на воена операција против Израел, откако голем број ракети беа лансирани од либанска територија кон северот на државата Израел.
Според достапните информации, повеќе од сто ракети беа испалени кон Израел, а експлозии се слушнаа во неколку области на северот од земјата, вклучувајќи ја Горна Галилеја, Голанската Висорамнина, како и во градовите Кирјат Шмона и Хаифа.
Израелскиот систем за противракетна одбрана „Железна купола“ беше активиран за да ги пресретне проектилите и да спречи големи последици од масовниот напад.
Израелските власти сè уште не објавија официјални податоци за можни жртви или материјална штета, но локалните медиуми јавуваат дека сирени за воздушен напад се активирани во неколку населби на северот од земјата.
Во исто време, од Техеран пристигнуваат пораки за силна поддршка на либанското движење. Камал Харази, советник за надворешна политика во канцеларијата на врховниот лидер на Иран, изјави дека Техеран ќе го поддржи Хезболах „со сите потребни средства“ доколку Израел започне војна од големи размери против Либан.
Според него, во случај на поширок вооружен конфликт, Либан може да смета на поддршката не само од Иран, туку и од поширок блок сојузници познати во регионот како „Оска на отпорот“. Харази додаде дека во таков сценарио, либанскиот народ, неколку арапски држави, како и сојузничките организации во регионот, ќе застанат покрај Бејрут во неговиот конфликт со Израел.
Најновиот ракетен напад на Хезболах дополнително го зголемува ризикот од поширока ескалација на Блискиот Исток, каде што веќе е во тек сложен и повеќеслоен конфликт, во кој се вклучени повеќе регионални и глобални актери.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хезболах започна масовни воздушни напади врз Израел
Либанското шиитско движење Хезболах објави почеток на…
Виткоф: Иран одби две американски барања за…
Иран наводно отфрлил две барања за прекин…
Иран се заканува со одмазда доколку неговите…
Револуционерна гарда денеска предупреди на масовни одмазднички…
Мерки за претпазливост за професорот од средно…
Наместо притвор, само мерки за претпазливост за…
Мелони: Италија не сака да војува
Италијанската премиерка Џорџија Мелони изјави дека Италија…