Хеликоптери на АРМ и МВР помагаат во гасењето на шумскиот пожар кај кочанското село Главовица
Два хеликоптера на АРМ и МВР, заедно со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од Кочани учествуваат во гасењето на шумскиот пожар во атарот на селото Главовица, на Осоговските Планини.
Огнот што бил забележан вчера попладне, во текот на ноќта се проширил на поголема површина, а поради непристапноста на теренот тешко оди локализирањето и гасењето.
– На терен се три наши противпожарни екипи со исто толку возила, а рано утрово ни се придружија и хеликоптерите, во обид да ја пресечеме линијата на огнот што се движи кон повисоките делови на планината. Зафатена е површина од над 50 хектари, главно со нискостеблести растенија, но изгорена е и повеќегодишна дабова шума. Поддршка со едно возило и една екипа добивме и од колегите од Македонска Каменица, како и од Доброволното противпожарно друштво – Кочани и од јавното претпријатие „Национални шуми“, истакна Драган Апостолов, командир на ТППЕ – Кочани.
Најверојатна причина за пожарот кај Главовица е човечкиот фактор и покрај забраната за движење во шума.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Гранати, експлозиви, цел арсенал… Еве што…
Експлозив и оружје е најдено во Арачиново,…
Тошковски се огласи за Груби: МВР има…
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, преку…
Од МВР го потврдија грабежот на банка…
Околу 13 часот е пријавен обид за…
Тошковски на прашање на Инфомакс: Еден од…
На јавноста ѝ е познато кои двајца…
(Видео) Тошковски со детали за трите акции…
Во изминатите денови МВР во координација со…