Објавено на:

Херојски потег: Келнер на плажа на Крит скока во море да спаси пливач кој се бори со морски струи (видео)

t

И додека секојдневно слушаме за трагедии на плажа, ова е една со среќен крај – келнер од бич бар на плажа на Крит се затрчува во море и успева да спаси пливач кој го одвлекла морската струја и се борел со високите бранови.

На социјалните мрежи деновиве кружи снимка од спасувачка мисија на плажа на Крит и херојски потег на дечко кој работи како келнер во бич бар на плажата Картерос.

Според сведоците, како што пишува Greek City Times, човек кој бил во морето почнал да се бори со силните бранови и морските струи и не можел никако да стигне до брегот.

Келнерот, кој работел во бич бар во околината, без размислување се впуштил во акција, земал пераи и гума за спасување и влегол во вода.

За неколку минути тој стигнал до пливачот и безбедно го донел до брегот.

На видеото може да се забележи дека морето е немирно, а овие плажи на Крит се познати по северниот ветер и немирното море, како и силните струи кои честопати биле и смртоносни.

Манос Козоронис ја сподели првично снимката во грчка Фејсбук група, а потоа истата вирално се прошири.

„Ова се хероите кои ни се потребни“ – пишува во описот на објавата за несебичниот келнер.

Во коментари на објавата, луѓе кои го препознаваат келнерот, пишуваат дека тој неколкупати има спасено луѓе од морето токму на истото место.

Погледнете го видеото:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Херојски потег: Келнер на плажа на Крит…

И додека секојдневно слушаме за трагедии на…

Угостител од Хрватска нуди 2.000 евра плата…

Ресторан од централна Истра, чиј објект работи…