Објавено на:

Холандски државјанин баран со меѓународна потерница, уапсен во близина на Бит Пазар

t

На подрачјето на Бит Пазар во Скопје е уапсен 40-годишниот Б.А.С. (40), холандски државјанин кој бил баран со меѓународна потерница, информира Министерството за внатрешни работи. Како што соопшти МВР, осомничениот е лишен од слобода од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка, по претходно преземени оперативно-тактички мерки.

„Лицето е барано со меѓународна потерница распишана од Холандија за сторени повеќе кривични дела – илегална миграција, криумчарење на мигранти и сексуална експлоатација“, соопшти МВР.

Од МВР додаваат дека Б.А.С. е предаден во Полициската станица Бит Пазар за понатамошна постапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убедливо водство на Самоопределување на Албин Курти…

Гласачките места во Косово се затворени, а…

(Фото) Искршено Ферарито – Иџе излета од…

Најдобриот македонски автомобилист Игор Иџе Стефановски доживеа…

Речиси преполовени сметки за парно три месеци…

Во наредните три месеци, скопјани чии домови…

Израел изврши напад врз јужните предградија на…

Израел денеска ги бомбардираше јужните предградија на…