Хорор во Нов Зеланд: Лекарите заборавиле инструмент со големина на чинија кај жена по царски рез
Жена од Нов Зеланд 18 месеци по царскиот рез ја мачеле неподносливи болки во стомакот, за снимката на ехо да покаже дека во нејзиниот стомак бил заборавен „Алексис вовлекувач“- медицински инструмет со големина на чинија .
Станува збор за хируршки инструмент со големина на плоча, кој бил оставен кај жената по царски рез во градската болница во Окленд во 2020 година, пишува Гардијан.
По првичните истраги за случајот, здравствен одбор тврдеше дека немало погрешно постапување, но денеска министерката за здравје и инвалидитет на Нов Зеланд, Мораг Мекдауел, откри дека одборот го прекршил кодот за правата на пациентите.
„Кога ќе се остави туѓ предмет кај пациент за време на операцијата, грижата паднала под соодветниот стандард. Ова никако не смее да се случи“, се наведува во нејзиниот извештај, додавајќи дека жената била подложена на закажан царски рез поради плацента превиа.
Екстра големиот AVR, „со големина на чинија за вечера“ и дизајниран да влече засеци до 17 сантиметри во дијаметар, не можел да се открие на рендген.
На крајот бил отстранет од стомакот на жената во 2021 година, околу 18 месеци по првичната процедура и бројни посети кај нејзиниот матичен лекар. Во една прилика, таа имала толку многу болки што отишла на одделот за итни случаи во Градската болница во Оукленд, пишува „Гардијан“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Нема никакво вработување на 600 лекари,…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче истакна дека…
Бајден откри кога би се повлекол од…
Во последните недели, се поголем број демократи…
Хорор во Нов Зеланд: Лекарите заборавиле инструмент…
Жена од Нов Зеланд 18 месеци по…
Нови детали: Лекарите се борат за животите…
Три од четирите деца кои со „форд…
Клиничкиот центар остана без десетици лекари
Лекарите и другиот медицински персонал во Клиничкиот…