ХОРОР ВО САД: 12-годишно девојче го избодело своето братче, а потоа ги разбудила родителите и признала сѐ

12-годишно девојче е во притвор во Тулса, Оклахома, откако смртно го избоделo свoето 9-годишно братче. Во соопштението полицијата наведува дека осомниченото девојче е задржано во малолетнички затвор. Полицијата добила дојава за инцидентот во четвртокот навечер, а кога пристигнала, болничарите и пожарникарите веќе биле „на местото на настанот и ја виделе 9-годишната жртва“.
„Полицијата открила дека еден од родителите спиел горе кога неговата 12-годишна ќерка го разбудила и рекла дека го избодела нејзиниот 9-годишен брат“, се вели во соопштението. Момчето било „итно пренесено во болница и префрлено на операција“, но набрзо им подлегнало на повредите.
12-годишната осомничена потоа била приведена и сместена во Семејниот центар за малолетници. Полициската единица за детска криза го истражува убиството, а властите се уште не објавиле подетални информации за идентитетот на осомниченото девојче и жртвата, пишува Си-Ен-Ен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МАРШ СО МОЛК УТРЕ ВО КОЧАНИ!
Граѓаните на Кочани утре, 23 март 2025…
(Видео) Големи протести во Истанбул!
Во Истанбул вечерва се одржува нов протест…
Почина Светлана Броз, внуката на Тито
Денеска во Белград на 70-годишна возраст почина…
(Фото) Протести и во Германија за Кочани:…
Македонци во Нирнберг Германија, денеска одржаа мирен…
Путин бара од Украинците да земат руско…
Рускиот претседател Владимир Путин почна да врши…