Хорор на Велики петок: Избодено 16 годишно момче во Тетово

Малолетник на 16 години бил физички нападнат и избоден со нож од група млади лица вчера во Тетово.
Настанот се случил околу 21 часот на улицата „Јане Сандански“.
-Во СВР Тетово пријавено е нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка на улица „Јане Сандански” во Тетово, во која, првично, учествувале повеќе лица, а едно малолетно лице било повредено со остар предмет. Служби на СВР Тетово се на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот – информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Малолетникот бил пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување лекарска помош.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Османи откри: Ова е најкритичен и неприфатлив…
Вметнувањето на протоколот во преговарачката рамка го…
Србија ќе има најмодерна заштита од град…
Природните непогоди, од почетокот на пролетта, многупати…
Османи: Македонскиот јазик станува еден од 25-те…
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи вели…
Протести во Грузија по недобивањето кандидатски статус…
Неколку десетици илјади луѓе се собраа вечерва…
Путин им се обрати на матурантите: Поставете…
Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин им…