Хоџа: Борбата против аерозагадувањето е мој приоритет, нула толеранција за загадувачите

t

Во просториите на Министерството за животна средина и планирање се одржа итна координативна средба на која беа повикани заменик-министерката за животна средина и просторно планирање – Ане Лашкоска, директорката на Државниот инспекторат за животна средина – Ивана Гиновска, како и одговорни лица за квалитет на воздухот во министерството.

Министерот Хоџа побара од директорката Гиновска информации во врска со надзорот на работењето на Усје, како и да се изврши надзор над работењето на сите останати правни субјекти кои поседуваат А-интегрирани дозволи за кои е надлежно министерството.

Целта на ваквата постапка е заедно со вонредни инспекциски надзори да се испита состојбата на терен со обврските кои произлегуваат од поседувањето на вакви еколошки дозволи.

Воедно, од одговорните лица е побарано известување за имплементација на актуелните мерки за справување со аерозагадувањето, и дадени се задолженија за проверка на степенот на нивна реализација.

Министерот Хоџа на средбата нагласи дека ова е само првиот чекор од низата на чекори кои како министер ќе ги преземе за справување со овој повеќедецениски сложен проблем, за чие решавање ја повика соработката и партнерството од сите кои сакаат да помогнат во намалувањето на загадувањето и обезбедувањето на почиста животна средина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хоџа: Борбата против аерозагадувањето е мој приоритет,…

Во просториите на Министерството за животна средина…

Почина пожарникар во Пожарната во Илинден

Починат маж вработен во Пожарната во општина…

Руте не се согласува со предлозите за…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…

Петрова: Упатени околу 10 000 покани до…

Сите даночни резиденти во својата држава треба…

Тошковски: Безбедносната состојба во државата е стабилна,…

Вчерашната оперативна акција на полицијата во која…