Хоџа најави посилна поддршка за заштитата на балканскиот рис
Министерот Хоџа денеска се сретна со раководството на Македонското еколошко друштво, при што во фокусот биле заштитата на балканскиот рис и потребата од посилна институционална поддршка за овој загрозен вид.
На средбата било разговарано и за поинтензивна прекугранична соработка, особено со Албанија, имајќи предвид дека дел од популацијата на рисот мигрира и од едната и од другата страна на границата. Од министерот е посочено дека заштитата на балканскиот рис не може да се сведе само на национални рамки, туку бара регионален пристап и координирано дејствување.
По средбата, Македонското еколошко друштво му подари фотографии од рис снимен на двете страни од границата, кои, како што објави Хоџа, ќе бидат поставени во министерството како симболичен потсетник дека биодиверзитетот не познава административни линии, а неговата заштита бара заедничка одговорност.