Хрватка се претставувала како директорка на банка, однела 1,5 милиони евра

51-годишна жена од Хрватска лажно се претставувала како висока менаџерка во банка и успеала да оштети неколку луѓе за вкупна сума од 1,5 милиони евра, јавуваат хрватските медиуми, кои случајот го нарекуваат „измама на векот“.
Според полицијата во областа Меѓимурје, жената била поранешна вработена во една банка, што ѝ дало знаење и можности за да ја изврши големата измама. Таа парите ги проневерувала цели 11 години, од 2013-тата до лани, а реално била вработена во банката само во дел од тој период, велат истражните органи.
На клиентите на кои им се претставила како висока менаџерка, осомничената им понудила на оштетените можност за склучување привилегирани штедни фондови орочени со високи каматни стапки. Некои од жртвите ѝ предале готовина, додека други, по нејзина препорака, зеле ненаменски кредити во истата банка.
51-годишната жена не ги уплатила предадените пари во трезорот на банката, туку ги задржала за себе и ги искористила за да отплати свои долгови кон други луѓе претходно преземените обврски кон други лица, открила полицијата.
За да ги убеди оштетените во законитоста на понудата, односно дека нивните пари се депонирани во банка, таа им дала лажни договори за штедење на определено време, делумно ги отплатила месечните рати од кредитот и плаќала камата.
На овој начин, таа оштетила неколку десетици луѓе од подрачјата на Вараждин, Лика-Сењ, Дубровник-Неретва и Загрепски жупании, како и градот Загреб, за вкупно нешто повеќе од 1,5 милиони евра.
Против 51-годишната осомничена ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното државно обвинителство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватка се претставувала како директорка на банка,…
51-годишна жена од Хрватска лажно се претставувала…
Наместо на одмор, младите Босанци одат на…
Значително повисоките плати за истата работа, но…
Дедо-монструм, кој ги силувал внуците оставени кај…
77-годишен маж чиј идентитет не се открива…
Хрватска ја враќа воената служба
Хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ денес…
КФОР им додели медали на војници од…
Свечена церемонија за доделување медали на војници…