Хрватска, Албанија и Косово ќе одржат заеднички воени вежби – Србија реагира дека тоа било закана за мирот во регионот
Албанскиот министер за одбрана Пиро Венгу го најави одржувањето на првата трилатерална воена вежба меѓу Албанија, Косово и Хрватска во 2026 година, како дел од неодамна потпишаниот договор за соработка меѓу трите земји, пренесува Индекс.хр.
Венгу објави дека е направен уште еден важен чекор во спроведувањето на трилатералниот договор, истакнувајќи дека началниците на генералштабовите на Албанија, Косово и Хрватска одржаа заеднички состанок со цел понатамошно подобрување на воената соработка.
Според него, фокусот на соработката е на зајакнување на воената координација, поголема интероперабилност и подигнување на оперативната подготвеност на вооружените сили на трите земји. Посебен акцент се става на развојот на заеднички вежби и обуки за справување со безбедносните предизвици и хибридните закани.
„Првата трилатерална вежба ќе се одржи во 2026 година, во согласност со Стратешкиот концепт на НАТО и евроатлантските цели“, објави Венгу.
Во Скадар се одржа состанок на началниците на генералштабовите на вооружените сили на Албанија и Хрватска и командантот на косовските безбедносни сили, а состанокот предизвика остра реакција од српското Министерство за одбрана, кое го оцени како закана за мирот во регионот.
Српското Министерство за одбрана објави дека остро го осудува трилатералниот состанок, оценувајќи дека продлабочувањето на воената соработка е фактор на притисок и безбедносен предизвик за Србија и српскиот народ на Косово, како и закана за мирот и стабилноста во регионот.
Претходно, на 30 јануари во Загреб се одржа состанок на Хрватска, Албанија и Косово на ниво на директори за одбранбена политика и вооружување. Сите овие состаноци се одржаа по меморандумот за соработка во областа на одбраната и безбедноста што Албанија, Хрватска и Косово го потпишаа на 18 март 2025 година во Тирана.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватска, Албанија и Косово ќе одржат заеднички…
Албанскиот министер за одбрана Пиро Венгу го…
Продолжувa блокадата на Ибарска магистрала од производителите…
Земјоделците од српските градови Чачак и Краљево,…
Косово доби влада, Курти почнува уште еден…
По една година неизвесност и десетици неуспешни…
Генералниот директор на „Србијагас“: Договорот за руски…
Генералниот директор на „Србијагас“, Душан Бајатовиќ, изјави…
Вучиќ: Не шпекулирајте дали ќе бидам премиер,…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес ги…