Хрватска ѝ донира на Македонија вакцини против Ковид-19

t

Хрватската Влада на денешната седница донесе одлука да донира вакцини против Ковид-19 во Македонија и на државите на кои, според проценката на механизмот Ковакс, им е најпотребна.

Од вакцината на „Фајзер“, 87.750 дози се донација за Македонија, а 734.400 дози во државите според проценката на механизмот Ковакс. Во одлуката не е наведено кому се донираат вакцините преку Ковакс, но според извештајот на Министерството за здравство испратен до хрватската Влада на 5 октомври, евидентно е дека се работи за донација на вакцината на „Фајзер“ за Мексико.

Хрватска досега донираше 2.467.820 дози вакцини.

До крајот на годината, земјата ќе подари уште 45.000 дози вакцини „Модерна“ и 135.360 дози вакцини „Фајзер“ во Тунис и 794.400 + 31.200 дози вакцини Џонсон и Џонсон во друга земја преку механизмот Ковакс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голем пожар во Хрватска: Оганот се приближува…

Во четвртокот наутро кај Жрновница во Хрватска,…

Хрватските газди бараат магационери „под дрво и…

Хрватските газди моментално бараат повеќе од 2.000…

Хрватска воведува итни мерки во училиштата после…

Во хрватското Министерство за наука, образование и…

Ден на жалост во Хрватска, знамињата на…

Владата на Република Хрватска на седница одржана…

Маж од БИХ скршил рампа на граничен…

Маж (22) од Босна и Херцеговина кој…