Хрватскиот претседател против влезот на Финска и Шведска во НАТО: Тоа е опасна авантура!

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ предизвика нов дипломатски скандал откако тој во вторник предложи Хрватска да го блокира влезот на Финска и Шведска во НАТО додека не се реши прашањето за изборниот закон во БиХ.
Милановиќ изјави дека Парламентот „не смее да ратификува ничиј прием во НАТО“ додека не се смени изборниот закон во БиХ, а влегувањето на Финска и Шведска во алијансата го смета за „многу опасна авантура“.
Според информациите од Скандинавија, високите функционери во Финска и Шведска се огорчени од ваквата изјава на хрватскиот претседател.
Одговор на ваквите изјави на Милановиќ дојде од хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој рече дека Милановиќ на состанокот на НАТО може да се обиде да го блокира зеленото светло за влез на Шведска и Финска во тој сојуз, доколку е „фраер“.
„Нека се обиде да го блокира нивниот влез во НАТО како човек што седи на тие самити. Зошто дозволува парламентот да го направи тоа ако е толкав фраер“, рече Пленковиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зибери повторно ќе биде кандидат за прв…
Народниот правобранител Насер Зибери денеска во гостување…
(Видео) Елмас и Чурлинов за пет минути…
Македонија го скрши отпорот на Малта и…
Охридскиот договор падна на првиот тест: Српската…
Српска листа соопшти дека одлуката да не…
Кина ја поддржа Русија за спроведување истрага…
Пекинг стана коавтор на нацрт-резолуцијата на Москва…
БОЛНА РАБОТА: Мајка ја принудувала малолетната ќерка…
Мајката која ја принудувала малолетната 14-годишна ќерка…