Хpватите во пaниka, катастрофални peзултати од пописот: Олку жители немале од Втората светска вojна – За 10 години се иселиле речиси 10 отсто од Хрватите

Хрватска има 3.888.529 жители, покажуваат првите резултати од Пописот на населението, домаќинствата и становите во 2021 година, спроведен од Централното биро за статистика (ЦБС) минатата година.
Според директорката на CБЦ, Лидија Брковиќ, според претходниот Попис од 2011 година, Хрватска имала 4.284.889 жители, што покажува дека населението во таа земја во последните 10 години е намалено за 9,5 отсто, или за повеќе од 360.000 жители. Според неа, ова се првите резултати од пописот кои се уште се предмет на промена, а статистичарите потсетуваат дека земјата имала 3,8 милиони жители во 1948 година, односно по Втората светска војна, пренесува Индекс.
Брковиќ вели дека податоците за етничката припадност се уште не се достапни, бидејќи прво се обработуваат основните бројки, потоа полот и старосната структура и на крајот само останатите.
„Конечните резултати ќе бидат познати кога ќе заврши обработката на податоците“, рече Брковиќ.
Поради пандемијата на коронавирус, Пописот во 2021 година беше спроведен од 13 септември до 14 ноември во две фази – самопопишување и теренски попис. Истражувањето е спроведено за прв пат „без хартија“, односно целосно дигитално.
Она што мора да се напомене е дека Хрватска стана 28-та членка на Европската унија во 2013 година. Очигледно е дека нејзиниот влез во Унијата не ги реши сите проблеми во државата па така речиси 400 илјади луѓе одлучиле среќата да ја побараат надвор од границите на Хрватска.
Ова е податок важен за анализа особено во време кога Македонија преговара со соседите за идентитетски прашања со единствена цел час поскоро да стане дел од Европската Унија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Албанија денеска почнува попис на населението…
Во Албанија денеска почнува една од најзначајните…
Спортски авион се сруши во Хрватска!
Мал спортски авион денеска се урна кај…
Хрватска воведува посебно кривично дело „тешко убиство…
Хрватска соопшти дека воведува нови мерки и…
Пендаровски, Милановиќ и Пирц Мусар заеднички контра…
Претседателите на Република Македонија, Стево Пендаровски, Словенија,…
Спречен влез на над 600 мигранти во…
Хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ…