Цариград се вмеша во јурисдикцијата на СПЦ, коментира српски верски аналитичар

t

Српскиот експерт за верски прашања Јован Јањиќ смета дека Македонската православна црква не е признаена од Вселенската туку од Цариградската партријаршија која пак е само прва по ранг меѓу православните цркви и дека практично се вмешала во јурисдикцијата на Српската православна црква.

Српскиот експертот за верски прашања д-р Јован Јањиќ по повод соопштението на Вслеленската патријаршија, како што пренесува Танјуг, „укажува дека таканаречената Maкедонска православна црква не е признаена од ‘Вселенската патријаршија’, туку од Цариградската патријаршија, која е само прва по ранг меѓу сите помесни православни црвки во светот“.

Во изјавата за српската новинска агенција Јањиќ нагласува дека со својата одлука Цариградската патријаршија се вмешала во јурисдикцијата на Српската православна црква со оглед на тоа што таа не ѝ е мајка црква на Охридската архиепископија, поради што, смета Јањиќ, не може да ѝ даде автономија или автокефалност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Општина Аеродом избира молк и неактивност…

„Недозволиво и крајно алармантно е што општинските…

Без струја делови на Кисела Вода

Без електрична енергија денеска од 9 до…

(Видео) Руски генерал загина во експлозија на…

Генерал-потполковник Фанил Сарваров, началник на одделот за…

Истражна постапка за Нигериецот кој со оружје…

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…

Златото руши рекорди, грам денес се продава…

Крајот на годината носи и рекордни цени…