ЦАР го прифати биткоинот како легална валута: Потегот ја става државата на мапата на најхрабрите и најдалекувидните во светот, оцени претседателот
Централноафриканската Република (ЦАР) го прифати биткоинот како законско средство за плаќање, соопшти денеска претседателскиот кабинет.
Ова е втора земја по Ел Салвадор која се одлучува на ваков чекор.
Пратениците едногласно усвоија нацрт-закон со кој биткоинот се претвора во законско средство за плаќање заедно со централноафриканскиот франк ЦФА и ја легализира употребата на криптовалути, а претседателот Фостен Арканџ Туадера ја потпиша мерката како закон, соопшти шефот на неговиот кабинет Обед Намсио.
– Централноафриканската Република е првата земја во Африка која го усвои биткоинот како законско средство за плаќање, рече Намсио.
– Овој чекор ја става Централноафриканската Република на мапата на најхрабрите и најдалекувидните земји во светот, додаде тој.
На 7 септември, Салвадор стана првата земја во светот која го усвои биткоинот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Биткоинот падна под 100.000 евра
Вредноста на биткоинот падна за 2,85 отсто…
Кумановка „олеснета“ за 88.000 денари со биткоин…
Нова жртва на биткоин измама, овој пат…
Вредноста на Биткоин над 45.000 долари, последен…
Најголемата криптовалута во светот ја започна Новата…
Се прогнозира дека биткоинот ќе достигне 100.000…
Криптовалутата се зголеми за повеќе од 150%…
Хакер украл податоци од милијарда луѓе, сега…
Непознат хакер тврди дека има податоци од…