Цели 20 години тргавме маки, татко ми во самоодбрана спаси шест животи, вели синот на битолчанецот кој го уби зетот

Денеска во 12 часот пред битолскиот суд ќе се одржи мирен протест поради притворот на битолчанецот Тони Ѓ. (62), кој завчера со пиштол го уби зетот за ќерка Стојанче С. (44) откако тој со мачета насилно му упаднал во домот и се заканувал, пренесува Фокус.
Тој е осомничен за убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик, а семејството тврди дека делото го сторил во самоодбрана и бара да биде пуштен дома, да се брани од слобода.
-Татко ми го стори делото во самоодбрана, спаси шест животи заедно со неговиот, за ,,Фокус” раскажува Јове, син на Тони.
Вели дека цели 20 години нивното семејство тргало маки со поранешниот зет.
-Пријавувавме во полиција, социјални служби, ама се беше залудно… Ние не криеме ништо, ќе ја кажеме целата вистина. Татко ми си ја бранеше фамилијата.
Инаку, Стојанче бил познат на полицијата како прекршител на законот и имал одлежано затворска казна.
Извор: Фокус
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Според Календарот на МПЦ, утре се празнуваат…
Светиот маченик Агапиј и седумтемина со него:…
Во петок наутро посебен режим на патот…
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните…
По четири и пол години, една држава…
Претседателката на Косово Вјоса Османи денеска соопшти…
Јаневска од „Кој е следен?“: Немаме врска…
Милена Јаневска од граѓанското движење „Кој е…
Прегазен пешак во Чаир – Сообраќајна несреќа…
Пешак е прегазен и повреден во сообраќајна…