Целоса бугаризација на Македонија: Со новата процедура за да добиеш бугарски пасош прво треба да си бугарски активист!
Бугарија ја менува тактиката, па Македонците коишто сакаат да извадат бугарски пасош наскоро ќе се соочат со нова процедура: најпрво ќе треба да се зачленат во едно од бугарските здруженија во Македонија, па ќе треба теренски да се активираат и јавно да „лелекаат“ колку им се загрозени правата само затоа што се чувствуваат како Бугари, и на крај, врз основа на нивната едногодишна активност, бугарски проценители ќе одлучуваат дали „актерите“ заслужиле да ја добијат „улогата“, односно дали да им биде доделен бугарски пасош, пренесува Плус Инфо.
Ова за Плусинфо го тврди средовечен светиниколец кој со години работи како посредник и кој досега на илјадници Македонци им „помогнал“ да добијат бугарски документи заради економски цели.
Тој објаснува дека процедурата за вадење бугарски пасоши веќе неколку месеци е целосно стопирана, но дека постои најава оти наскоро Бугарија ќе започне да ја применува новата стратегија. Како што тврди нашиот соговорник, од Македонците нема повеќе да се бара да приложуваат документи за докажување на бугарските корени, туку напротив, самите поднесители за бугарски пасош ќе мора да ја докажат „бугарштината“ во себеси.
– Не работам веќе неколку месеци, оти не сакам да ги лажам луѓето и бадијала да им ги земам парите. Процедурата за вадење бугарски пасоши е стопирана уште пред Нова година, но имам најава дека повторно ќе се активира за неколку месеци. Јас сум во постојан контакт со многу важни луѓе од Бугарија кои се поставени на многу важни позиции кога станува збор издавањето бугарски пасоши, а тие ми велат дека наскоро ќе бидат направени измени во процедурата. Повеќе нема да има потреба од приложување документи со кои ќе се докажуваат бугарските корени, туку самите поднесители за бугарски пасош ќе треба да си го „заработат“ документот. Најавено ни е дека македонските граѓани најпрво ќе треба да се зачленат во некое бугарско здружение во Македонија, но освен тоа што ќе се зачленат, тие ќе треба да бидат постојано активни – да присуствуваат на состаноци, на дебати, па дури и на протести. Врз основа на нивната едногодишна посветеност и активност во здружението, бугарските експерти кои досега ви поставуваа прашања поврзани со бугарските празници и војводи, отсега ќе проценуваат дали сте го заслужиле пасошот – објаснува посредникот.
Нашиот соговорник, кој со помош на оваа неформална професија го прехранува семејството, упатува искрен совет до Македонците коишто планираат сега да поднесат барање за бугарски пасош и им порачува да не го прават тоа оти со сигурност ќе бидат одбиени, а со тоа ќе им пропаднат и парите што ги вложиле.
Но, еден наш сограѓанин веќе се пожали на социјалните мрежи дека се „изгорел“.
– Веќе една година, моето досие стоеше како одобрено и чекаше само потпис од заменик-претседателот. Денеска ми стигна известување дека сум одбиен, без никакво образложение – објаснува апликантот, жител на источниот дел на Македонија, приложувајќи ја пораката што ја добил:
Поранешниот македонски амбасадор во Бугарија, Марјан Ѓорчев, во разговор за Плусинфо објаснува дека Бугарија веќе некое време спроведува вешта, мудра и долгорочна стратегија кога се работи за „бугаризација“ на Македонците во соседните земји.
Извор: Плус Инфо
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата најави ново задолжување од 700 милиони…
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска соопшти дека…
Акиов и се извини на службеничката за…
По насилниот инцидент на денешната седница на…
Трагeдија во Охрид: Жена загина кога автомобил…
45-годишна жена од Охрид трагично го загуби…
Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…
Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…
Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…