Објавено на:

Цената на струјата ќе продолжи да расте наредните три години, предупредува Меѓународната агенција за енергетика

t

Глобалниот бран на побарувачка на енергија може да донесе уште три години нестабилност на пазарот и рекордно загадување од електраните, доколку земјите не направат значителни промени во начинот на добивање на електрична енергија, предупреди Меѓународната агенција за енергетика.
Најголем пораст на побарувачката на електрична енергија е забележан минатата година, поради што имало недостиг во главните економии и историски висок скок на цените и рекордни емисии на загадување, соопшти Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), пренесува Гардијан.
Во годишниот извештај на ИЕА се наведува дека таквата состојба би можела да трае во следните три години, со сериозни последици за потрошувачите и економијата, доколку нема брзи структурни промени во производството.
„Остриот скок на цената на струјата неодамна создаде проблеми за многу домаќинства и компании ширум светот и постои опасност тие да бидат двигател на општествени и политички тензии“, изјави извршниот директор на ИЕА, Фатих Бирол.
Глобалните цени на струјата пораснаа за 6 отсто во 2021 година поради економското закрепнување по рецесијата на пандемијата во 2020 година. Ова е најголем пораст на цените од 2010 година, кога цената на струјата порасна поради закрепнувањето по светската економска криза во 2008 година.

Не само што цената на струјата забележа историски скок, туку и побарувачката беше најголема во историјата, со дури 1.500 терават часови, што е највисока забележана досега.
Речиси половина од побарувачката беше од Кина, каде што се зголеми за 10% во споредба со 2020 година. Кина и Индија претрпеа недостиг во втората половина од годината, бидејќи снабдувањето со јаглен не можеше да го следи темпото на термоелектраните, што доведе до економско забавување во Азија, се вели во податоците на ИЕА.
Така Велика Британија се соочи со енергетската криза, бидејќи цените на струјата достигнаа рекордни суми, бидејќи таа земја половина од струјата ја добиваше од гасни централи, чија цена исто така скокна, пишува Гардијан.
Глобалниот недостиг на електрична енергија доведе до рекордно загадување, бидејќи некои економии се враќаат на поевтини извори на производство, електрани на јаглен.
Затоа ИЕА повикува на поголеми инвестиции во технологии со помали емисии на штетни гасови, вклучувајќи обновливи извори, енергетски ефикасни извори, како и нуклеарна енергија.
Во извештајот на ИЕА се наведува дека производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија се зголемило за шест отсто во 2021 година, но тоа не било доволно за да се одржи трката со забрзана побарувачка.
Производството на електрична енергија на јаглен е зголемено за девет отсто, на гас за два отсто, а на нуклеарна енергија за 3,5 отсто.
Фатих Бирол наведува дека емисијата на јаглерод диоксид при производство на енергија се зголемила за седум отсто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата нареди: Институциите мораат да заштедат 15%…

Владата, на денешната седница ја разгледа Информацијата…

Поранешен американски секретар за енергетика удри по…

Политиката на тимот на американскиот претседател Џо…

И Италијанците ќе мрзнат: Греење најмногу до…

Италијанското Министерство за транзиција на животната средина…

Константин Димитров: Владата не направи ништо за…

Професорот по енергетика Константин Димитров реагира на…

Милиони луѓе ќе останат без основни потреби,…

Дали ни доаѓа глобална рецесија? Расте стравот…