Црна Гора никогаш не била поблиску до ЕУ: Пет преговарачки поглавја се затворени

t

Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ изјави дека Црна Гора денес затворила повеќе од една третина од поглавјата, што е голем успех.

„Напорната работа носи извонреден резултат. Денес затворивме 5 преговарачки поглавја со Европската Унија, а со вкупно 12 затворени поглавја, поминавме една третина од патот. Влегуваме во 2026 година со многу надеж и ентузијазам таа да биде уште подобра, пофокусирана, со поголема меѓуинституционална соработка, доверба и дипломатија, што ќе нè натера да ја дочекаме следната година со задоволство од добро завршената работа. Благодарен сум им на министрите, тимовите, пратениците и сите колеги затоа што во оваа работа секогаш наоѓаат компромиси што нè водат напред. Нема беспрекорен пат, но има беспрекорен резултат. Нашиот е токму тоа“, напиша Милојко Спајиќ.

Црна Гора никогаш не била поблиску до Европската Унија (ЕУ), порача утрово европската комесарка за проширување Марта Кос.

Вклучувајќи ги и овие пет, Црна Гора досега затвори вкупно 12 поглавја во преговорите со ЕУ. Владата планира да ги затвори преостанатите поглавја (21) следната година.

Иако Црна Гора ги има отворено сите 33 преговарачки поглавја, Европскиот совет нагласува дека привременото затворање не значи крај. Унијата го задржува правото да се наврати на овие поглавја доколку се појави потреба, а ниту едно поглавје не се смета за конечно завршено додека не се постигне договор за сите.

„Следењето на усогласувањето со правото на ЕУ и неговата практична примена ќе продолжи во текот на целиот преговарачки процес“, велат од Советот.

Претходно, во јуни 2025 година, беше затворено поглавјето за јавни набавки. На последната конференција учествуваше и новата еврокомесарка за проширување, Марта Кос.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црна Гора никогаш не била поблиску до…

Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ изјави дека Црна…

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските…

Министерот за економија Бесир Дурмиши енормното зголемување…

Јаневска: Има доставено детално разработено упатство за…

Упатството за постапување по дојави на бомби…

(Видео) Мециновиќ: Владата води историски најопасна надворешна…

На денешната седница за пратенички прашања, пратеникот…

Зеленски: Предлогот за завршување на војната следните…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави…