Црна Гора ја почитува одлуката на Грелнланд да остане дел од Данска
Црна Гора го почитува правото на гренландскиот народ на самоопределување и неговата одлука да биде дел од Данска, изјави црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ. Црногорскиот шеф на државата во вторникот напиша на социјалните мрежи дека несогласувањето меѓу САД и земјите од ЕУ околу Гренланд е, според него, еден од најголемите предизвици за НАТО од неговото основање, особено поради неговата внатрешна природа.
„Важно е да се напомене дека ЕУ и САД се наши најважни и стратешки сојузници. Црна Гора, како кандидат за членство во ЕУ, постојано ја усогласува својата надворешна политика со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ. Затоа, нашата земја го почитува правото на гренландскиот народ на самоопределување, како и нивната одлука да бидат дел од Кралството Данска“, напиша Милатовиќ, додавајќи дека Црна Гора го поддржува континуираниот дијалог меѓу сојузниците на НАТО за да се најде одржливо решение, така што „Арктикот ќе остане област на стабилност и соработка“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Црна Гора ја почитува одлуката на Грелнланд…
Црна Гора го почитува правото на гренландскиот…
ЕУ до Трамп: Гренланд никогаш нема да…
ЕУ има „алатки“ да го одврати Доналд…
Трамп: Данска не успеа да ја отстрани…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека…
Шпанскиот премиер: Американска инвазија на Гренланд би…
Шпанскиот премиер, Педро Санчес, изјави дека евентуална…
„Политико“: Европскиот парламент го замрзнува трговскиот договор…
Пратениците во Европскиот парламент нема да го…