ЦУК со известување: Активни три пожари

t

Центарот за управување со кризи информира дека до 14.30 часот се евидентирани три пожари на отворено, од кои еден е изгаснат.

„Активен е пожарот кај местото Шупли Камен, Кумановско, каде гори сува трева во близина на викендици, а на терен е ТППЕ Куманово.

Активен пожар има и во општина Крушево кај с. Јакреново. Гори сува трева и нискостеблести растенија. Екипа од ЈП Национални шуми подрачна единица Липа – Крушево е на местото на пожарот.

Пожарот над с. Радање на патот Штип – Плачковица е изгаснат. На терен превентивно остана екипа од ТППЕ Штип. Опожарена е нискостеблеста шума“, велат од ЦУК.

Од таму се апелира до граѓаните при движење и престој на отворен простор или во шума да бидат исклучително внимателни бидејќи сосем мал пожар за миг може да прерасне во голем пожар и да ги згрози животот, здравјето и имотот на граѓаните.

„Благодарност до ангажираните пожарникари кои и на овој голем, празничен ден Илинден се борат против пожарите и се грижат за нашата безбедност“, додаваат од ЦУК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…

Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…

Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…

Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…

Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…

Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…