Чад има повеќе суверенитет од Македонија: Германскиот амбасадор избркан од Чад поради „непристојно однесување“
„Оваа одлука е мотивирана од непристојниот однос и непочитувањето на дипломатските обичаи“, соопшти министерството за комуникации на Чад.
Министерството за надворешни работи на Германија наведе дека не е јасна причината за протерувањето на дипломатот и дека „оправдувањето на Чад е целосно несфатливо“.
Франс прес, повикувајќи се на извори од владата на Чад, пренесе дека Крике „премногу се мешал“ во внатрешните работи на земјата, додека Ројтерс наведе, повикувајќи се на свои извори, дека Чад решил да го протера германскиот дипломат поради неговите коментари за доцнењето во транзицијата на земјата, две години по државниот удар.
Актуелниот лидер на Чад, Махамат Идрис Деби, беше на чело на хунтата која ја презема власта откако неговиот татко, претседателот Идрис Деби беше убиен во 2021 година додека водеше кампања против вооружени бунтовници во северниот дел на земјата.
Владата првично вети дека ќе одржи избори до октомври 2022 година, но го именуваше Деби за привремен претседател две години по истекот на рокот.
Деби тогаш кажа дека „владата на национално единство“ ќе работи на тоа „целосно да се почитува волјата на народот на Чад“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Власта бесрамно се фали со донациите на…
Левица ја оценува како крајно дрска и…
Владата најави ново задолжување од 700 милиони…
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска соопшти дека…
Акиов и се извини на службеничката за…
По насилниот инцидент на денешната седница на…
Трагeдија во Охрид: Жена загина кога автомобил…
45-годишна жена од Охрид трагично го загуби…
Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…