Чепреганов: Државата да одговори кој дозволил регистрација на бугарскиот културен клуб „Ванчо Михајлов“

Државата не смее да се однесува како село без кучиња и треба да одговори кој дозволил да се регистрира бугарскиот културен клуб со име на контраверзна личност за македонската историја, рече историчарот Тодор Чепреганов во Студио 10 на ТВ24, кој праша и зошто клубот е отворен токму во Битола и дали пробугарската струја е најсилна во Битола.
Не можете вие да бегате од историските факти, тоа што било се случило, Бугарија била не само фашистичка, туку и нациофашистичка држава. Зошто Петков и неговата политичка свита вчера не отидоа да се извинат и да се поклонат на споменикот на 3.000 евреи кои што беа депортирани од Битола, а дојдоа да се поклонат на отворање на културен клуб кој носи име Иван Михајлов, вели тој.
Чепреганов ја искоментира и изјавата на Ципрас и Заев на конгресот на СИРИЗА, посочувајќи дека не може Заев да биде патриот а го променил името на сопствената држава.
Еве сега видовме во Грција на конгрес на СИРИЗА, Ципрас кажа дека со Заев биле патриоти. Па како може Заев да биде патриот а е за Грција. Пазете на сопствениот народ да му го промените името, да го негирате постоењето на македонско малцинство во Егејска Македонија и тоа да го сметате за патриотизам, кажа Чепреганов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Конечно добри вести: Двајца од повредените кои…
Двајца од повредените во пожарот во кочанската…
Повеќе од 600 ЛУЃЕ во Бугарија дарувале…
Нема значителна промена во општата состојба на…
Бугарија: Преку 500 луѓе досега дале крв…
Над 500 граѓани во Бугарија досега дарувале…
Таравари од Бугарија: Двајца пациенти се екстубирани…
Двајца од жртвите во пожарот во Кочани,…
Пациентите од Кочани пренесени во Бугарија се…
Тешка е состојбата на настраданите од трагичната…