Чепреганов: За која татковина се бореше Ахмети? !

t

Споменикот на ОНА кој викендов беше откриен во липковското село Слупчане е споменик кој дели, почнувајќи од симболиката која ја има, па се до присутните коишто беа таму, смета историчарот Чепреганов.

Секој споменик којшто се подига треба да обединува и да испраќа порака за сите, а не за едни дека обединува, а за други дека дели. Споменикот на ОНА кој викендов беше откриен во липковското село Слупчане е споменик кој дели, почнувајќи од симболиката која ја има, па се до присутните коишто беа таму. Не е вистина пораката на лидерот на ДУИ дека споменикот обединува, вели за „Слободен печат“ историчарот Тодор Чепреганов од Институтот за историја.

– Ако споменикот е за сите жртви од војната во 2001 година тогаш зошто на откривањето на споменикот не беа присутни семејства, роднини и пријатели на македонските бранители? Зошто немаше никој од државниот врв? На откривањето беа присутни само блиски и пријатели на Албанци кои загинаа во 2001 година, како и политичкиот врв на ДУИ. Самата симболика на споменикот јасно кажува кому е посветен тој. Јас им честитам на Албанците бидејќи со ова покажуваат чувство на нација и на држава. Прашањето е што направивме ние – вели Чепреганов.

Тој е дециден дека спомен кулата во Слупчане е споменик на поделба. Според Чепреганов, за да се подигне споменик на обединување прво треба да дојде до помирување и до одговор што се случи во 2001 година.

-Ахмети треба да одговори на повеќе прашања. Тој вели споменикот обединува, се боревме за татковината. За која татковина? Многу прашања отвора споменикот во Слупчане. Сите централни институции се изземаат од каква било одговорност. Државните институции немаат врска со споменикот, тие не се ни консултирани за тој да се направи. Исто како културниот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, дозволата на експремиерот Зоран Заев за обнова на споменикот на загинатиот бугарски полковник Константин Каварналиев во Стар Дојран и сега овој на ОНА во Слупчане е споменик кој дели. Ако споменикот на ОНА беше споменик за обединување ќе беше организирана голема манифестација, споменикот ќе беше за да оддаде почит на сите жртви и на неговото откривање ќе присуствуваа сите – вели Чепреганов.

Ахмети при откривањерто на споменикот порача дека ОНА е составен дел од историјата на нашата земја, без која не би можел да се постигне Охридскиот мировен договор.

–Овој споменик не нѐ дели, овој споменик нѐ обединува. Ослободителната народна армија е нераскинлив дел од историјата на оваа земја. Не може да има историја на оваа земја без ОНА, не може да има иднина оваа земја без најголемото достигнување, Охридскиот мировен договор – резултат на оваа армија. Иднината на оваа земја е Договорот од Преспа, договор кој нѐ направи членка на НАТО – рече Ахмети.

Првиот вицепремиер Артан Груби во изјава по откривањето на споменикот рече дека тој е посветен на паднатите борци во војната во 2001 година и дека новата историја по неа треба да биде напишана како модерна историја на државата.

–Денеска беше денот на општината Липково, и по тој повод градоначалникот не покани сите нас, да учествувавме на настанот на инаугурација на споменикот којшто беше посветен на сите паднати борци, на сите жртви од војната во 2001 година и тоа што го кажа господинот Ахмети, мислам дека беше главната порака од денешниот настан, а тоа е дека Новата историја на Република Северна Македонија не може да се пишува без ОНА, односно дека новата историја по 2001 година мора да ја вклучува таа епизода од модерната историја на Република Северна Македонија – изјави Груби.

За тоа како треба да се доживее овој споменик, тој појасни дека нема намера да биде против никого, туку дека тој настан треба да биде означен како историски момент.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Спасовски: Потребна е политичка одговорност за инцидентот…

СДСМ повикува на одговорност, во врска со…

Нема докази дека малата Данка е убиена?…

И додека неофицијалните информации велат дека и…

(Видео) РУСИТЕ ГИ НАПУШТААТ ТЕНКОВИТЕ И БЕГААТ:…

Џими Раштон, аналитичар за безбедност и надворешна…

Црвена Младина го осудува вандализмот врз спомен…

Неидентификувани сторители ги уништиле икебаните и ја…